1
2„Вие чувте сѐ, што ви беше заповедано од Мојсеј, слугата Господов, и ги послушавте сите мои зборови во сѐ, што ви заповедав;
3вие не ги напуштавте браќата свои во текот на многу денови и ги запазивте заповедите на Господ, вашиот Бог.
4
5
6Потоа Исус ги благослови и ги отпушти и тие се разотидоа по своите шатори.
7На едната половина од Манасиевото племе Мојсеј ѝ даде дел во Башан, а на другата половина Исус ѝ даде дел со браќата нивни на запад од Јордан. И кога Исус ги отпушти во шаторите нивни и ги благослови,
8тој им рече: „Вратете се со големото богатство во своите шатори, со многуброен добиток, со сребро, со злато, со бакар и со железо, и со многу облека“; и го разделија пленот, земен од непријателите, со браќата свои.
9Тогаш синовите Рувимови и синовите Гадови и едната половина од Манасиевото племе се вратија и тргнаа од синовите Израелови од Силом, што е во хананската земја, за да си одат во земјата Галаад, во земјата на наследството свое што го добија по заповед на Господ, дадена преку Мојсеј.
10Кога дојдоа во околината на Јордан, во хананската земја, синовите Рувимови и синовите Гадови, и едната половина од Манасиевото племе изградија таму, крај Јордан, еден жртвеник, жртвеник голем на изглед.
11
12Штом го чуја тоа Израеловите синови, се собра целата заедница на синовите Израелови во Силом за да одат во војна против нив.
13Најнапред синовите Израелови го испратија кај синовите Рувимови и кај синовите Гадови и кај половината од Манасиевото племе во Галаадската земја Финес, синот на свештеникот Елеазар,
14и со него десет родоначалници, по еден од сите Израелови племиња; секој од нив беше војвода во илјадниците Израелови.
15И тие дојдоа кај синовите Рувимови и кај синовите Гадови и кај половината од Манасиевото племе во земјата Галаад и им рекоа, велејќи:
16„Еве што вели целата заедница Господова: каков престап сте направиле пред Господ, со тоа што Му завртевте грб на Господ, Израеловиот Бог, и си подигнавте жртвеник и отстапивте сега од Господ?
17
18А вие денес отстапувате од Господ! Денес станувате против Него, а утре Тој ќе се разгневи на целата заедница Израелова.
19
20
21
22
23
24Но за добро го направивме ние тоа, за да не им речат утре вашите синови на нашите синови: Што имате вие со Господ, Израеловиот Бог?
25Господ го определи Јордан за граница меѓу нас и вас, синови Рувимови и синови Гадови, вие немате дел во Господ. Така синовите ваши ќе ги отуѓат нашите синови да не Му служат на Господ.
26Затоа рековме: да си подигнеме жртвеник не заради приноси ниту заради жртви,
27
28
29Далеку сме од мислата, да отстапиме од Господ, и да се одвратиме од Господ, и да ѕидаме жртвеник за сепаленици, приноси за жртви, освен пред жртвеникот на Господ, нашиот Бог, кој е пред скинијата Негова.“
30Свештеникот Финес, сите началници на заедницата и војводите на илјадниците Израелови, што беа со нив, кога ги слушнаа зборовите, што ги рекоа Рувимовите синови, Гадовите синови и Манасиевите синови, ги одобрија.
31И Елеазаровиот син, свештеникот Финес, им рече на синовите Рувимови, на синовите Гадови, и на половината од Манасиевото племе: „Денес познавме дека Господ е меѓу нас, дека вие со тоа не сте извршиле пред Господ престап, туку сте ги избавиле синовите Израелови од раката Господова.“
32Тогаш Елеазаровиот син, свештеникот Финес, и родоначалниците се вратија откај синовите Рувимови и синовите Гадови во хананската земја кај синовите Израелови и им донесоа одговор.
33И на Израеловите синови тоа им годеше, па Го благословија синовите Израелови Бога и рекоа дека нема да војуваат против нив, и да ја разорат земјата, во која живеат синовите Рувимови и синовите Гадови.
34