1А Ерихон беше утврден и затворен поради страв од синовите Израелови; никој не излегуваше и не влегуваше во него.
2Тогаш му рече Господ на Исус: „Еве, Јас го предавам Ерихон во твои раце и царот негов и силните луѓе;
3обиколувајте го градот сите вие, способни за војна, по еднаш, и така правете шест дена;
4
5
6Тогаш дојде Исус, синот Навинов, кај свештениците и им рече: „Земете го ковчегот на заветот Господов и седум свештеници нека носат седум рогови труби пред ковчегот Господов!“
7И им рече, велејќи: „Заповедајте му на народот да го обиколат и да го опкружат градот; а вооружените нека одат пред ковчегот Господов.“
8Штом Исус му го кажа тоа на народот, рече и седумте свештеници, што ги имаа седумте свештени труби, да појдат и да затрубат со трубите, и ковчегот на заветот Господов да оди по нив.
9Вооружените, пак, одеа пред свештениците, кои трубеа со трубите; и оние што одеа по нив, по ковчегот, трубеа со трубите.
10На народот, пак, Исус му заповеда и рече: „Не викајте и да не се чуе глас од вас, и да не излегува збор од устата ваша до оној ден, додека не ви заповедам: викајте! — и тогаш ќе викнете.“
11Така ковчегот Господов тргна околу градот и еднаш го обиколи; и дојдоа во логорот и ноќеваа во него.
12Исус стана утрината рано, и свештениците го понесоа ковчегот Господов;
13и седумте свештеници, што ги носеа седумте труби пред ковчегот Господов, одеа и трубеа со трубите; вооружените, пак, одеа пред нив, а другите одеа по ковчегот Господов и свештениците затрубија со роговите труби.
14И вториот ден го обиколија градот еднаш и се вратија во логорот. Така правеа шест дена.
15На седмиот ден станаа рано и го обиколија градот седумпати; само тој ден го обиколија градот седумпати.
16И при седмото заобиколување свештениците затрубија во трубите. Тогаш Исус му рече на народот: „Викајте, бидејќи Господ ви го предаде градот!
17
18
19
20
21
22
23
24
25Блудницата, пак, Раав и целото семејство на нејзиниот татко, Исус ги остави живи, и таа живее меѓу синовите Израелови до денес, зашто ги сокри извидниците што ги испрати Исус за да го разгледаат Ерихон.
26
27И Господ беше со Исус, и славата Негова се рашири по целата земја.