1
2
3И откако се вратија кај Исус, му рекоа: „Нека не оди целиот народ, туку нека отидат две до три илјади луѓе и ќе го разбијат Гај; не праќај го таму целиот народ, бидејќи тие се малку на број.“
4
5
6Исус ја раскина облеката своја и падна ничкум на земјата пред ковчегот на Господ и лежеше дури до вечерта, тој и старешините Израелови, и ги посипаа со пепел главите свои.
7
8О, Господи, што да кажам, бидејќи Израел го сврте грбот пред своите непријатели?
9
10Господ му одговори на Исус: „Стани, зошто падна ничкум?
11
12затоа синовите Израелови не можат да издржат пред непријателите свои и им свртеа грб, бидејќи тие потпаднаа под клетвата; нема да бидам веќе со вас, ако не го отстраните од вас проколнатото.
13
14
15кој ќе биде фатен дека украл од проколнатото, со оган нека се изгори тој и сѐ што е негово, затоа што ја прекршил заповедта на Господ и направил престап среде Израел.“
16Откако стана утредента рано, Исус ги преведе луѓето според племињата свои, и беше посочено на Јудиното племе;
17потоа заповеда да минат родовите на Јуда, и беше посочен родот на Зерах; му заповеда на Зераховиот род да мине според домовите, и беше посочен домот на Завдиј.
18Му заповеда на домот негов да мине човек по човек, и беше покажан Ахан, синот на Карми, син на Завдиј, Зерахов син, од Јудиното племе.
19
20Ахан му одговори на Исус и рече: „Навистина, јас згрешив пред Господ, Бог Израелов, и го направив ова:
21меѓу запленетите предмети видов една убава облека од Сенаар и двесте шекели сребро и една златна шипка, со вредност од педесет шекели; тоа ми се допадна и јас го зедов; и, ете, тоа е закопано во земјата среде мојот шатор, а среброто е под него.“
22Исус испрати луѓе, и тие отидоа во неговиот шатор; и ете, сето тоа беше сокриено во неговиот шатор, и среброто под него.
23Тие го изнесоа тоа од шаторот, го донесоа кај Исус и кај старешините Израелови и го ставија пред Господ.
24Тогаш Исус и сите Израелци со него, го зедоа Зераховиот син Ахан, среброто, облеката, и златната шипка, неговите синови и неговите ќерки, неговите волови и неговите магариња, овците негови и неговиот шатор, и сѐ што беше негово, и го одведоа во долината Ахор.
25
26И нафрлаа врз него голема грамада камења, која остана сѐ до ден-денес. Потоа стивна силата од гневот на Господ. Поради тоа, она место и денес се вика „Долината Ахор“