Колосјаните 1:1-29 MKDB2006 - Bible AI

1Павле, по волјата Божја апостол на Исус Христос, и братот Тимотеј,

2до светиите и верните браќа во Исус Христос што се во Колоси: благодат вам и мир од Бога нашиот Отец и Гос­под Христос!

3Му благодариме на Бога и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, секогаш кога се молиме за вас,

4бидејќи слушнавме за вашата вера во Христос Исус и за љубовта ваша, ко­ја ја имате кон сите светии,

5поради надежта која се чува за вас на небесата, за која порано сте слуш­на­ле од словото на вистината — Еванге­ли­ето,

6кое е во вас, како и во целиот свет, и принесува плод и расте, како и меѓу вас од оној ден кога ја чувте и познавте Божјата благодат во вистината;

7како што и научивте од Епафрас, нашиот возљубен соработник, кој е ве­рен служител Христов заради вас,

8и кој нѐ извести за вашата љубов во Духот.

9Затоа и ние, од оној ден кога го чув­ме тоа, непрестано се молиме и сакаме да се исполните со познание на Него­ва­та волја во секоја мудрост и духовно разбирање,

10та да постапувате достојно за Бога, угодувајќи Му во сѐ, принесувајќи плод во секое добро дело и да растете во познанието на Бога,

11укрепувајќи се со секаква сила пре­ку Неговата славна моќ за секаква тр­пеливост и великодушност со радост,

12благодарејќи Му на Бога и Отецот, Кој нѐ направи способни да учествуваме во наследството на светиите во светлината,

13нѐ избави од власта на темнината и нѐ воведе во царството на Својот воз­љу­бен Син,

14во Кого имаме откуп[1]; и простува­ње на гревовите.

15Тој е слика на невидливиот Бог, пр­вороден пред секое создание;

16бидејќи преку Него е создадено сѐ што е на небесата и што е на земјата, видливо и невидливо; било престоли, било господства, било началства, било власти — сѐ е преку Него и за Него создадено.

17Тој е пред сѐ, и сѐ во Него стои.

18И Тој е глава на телото, односно на Црквата. Тој е почеток, првороден од мртвите, за да има првенство во сѐ.

19Бидејќи во Него благоволи Отецот да ја насели сета полнота,

20и преку Него да измири сѐ со Себе, или земно, или небесно, творејќи мир со крвта на Неговиот крст.

21И вас, кои некогаш бевте отуѓени од Бога, и непријатели поради помислите кон лоши дела,

22сега ве примири во телото на Не­го­вото тело, преку Неговата смрт, за да ве претстави пред Себе свети, непороч­ни и без вина,

23само ако останете во верата тврди и непоколебливи, и бидете неотклонливи од надежта на Евангелието што го чув­те, кое е проповедано на секое подне­бес­но создание, и Кому што јас, Павле, му станав слуга.

24Сега се радувам во своите страдања за вас и го пополнувам недостигот од Христовите маки во моето тело за телото Негово, кое е Црквата.

25Нејзе ѝ станав служител по Божја наредба што ми е наложена мене за вас, за да го исполнам словото Божјо,

26тајната, скриена од векови и родови, а сега откриена на Неговите светии,

27на кои Бог пожела да им покаже какво богатство на слава има во таа тајна за незнабошците, односно дека Христос, надежта на славата, е во нас.

28Него ние го проповедаме, вразумувајќи ги сите луѓе и учејќи ги со сета мудрост, за да го претставуваме секој човек совршен во Христос;

29затоа се трудам и се борам. Зашто Неговата сила со голема моќ дејствува во мене.

e>