Колосјаните 2:1-23 MKDB2006 - Bible AI

1Сакам да знаете во каква голема борба сум заради вас и заради оние што се во Лаодикија и во Јерапол, и поради сите, кои не ме видоа лично.

2Нека се охрабрат срцата нивни та, соединети во љубов во секое богатство, со потполно разбирање, да ја познаат тајната на Бога и Отецот и на Христос,

3во Кого се скриени сите сокровишта на мудроста и знаењето.

4А ова ви го велам за да не ве измами некој со лукави зборови;

5зашто, макар и да сум отсутен со те­лото, со духот сум при вас, радувајќи се и гледајќи го вашиот ред и цврстината на вашата вера во Христос.

6Поради тоа, како што Го примивте Господ Исус Христос, така и одете по Него,

7вкоренети и утврдени во Него и укрепени во верата, како што сте на­учени, изобилувајќи во неа со благодарност.

8Браќа, пазете некој да не ве заведе со филозофија и со празна измама што се потпира на човечкото предание, на стихиите на светот, а не по Христос;

9зашто во Него телесно живее сета пол­нота на Божеството,

10и вие да бидете исполнети во Него, Кој е глава на секое началство и власт;

11во Него сте и обрезани преку нера­котворено обрезание, откако го соб­лековте гревовното тело на плотта преку обрезанието Христово;

12откако се погребавте со Него во крштавањето, во кое заедно со Него и воскреснавте преку вера во силата на Бога, Кој Го воскресна од мртвите.

13И вас, кои бевте мртви во гревовите и во необрезанието на вашето тело, Тој заедно со Него ве оживи, простувајќи ви ги сите гревови;

14извршувајќи го ракописаниот закон, кој со своите прописи стана наш непријател, кого Тој го зеде од средината и го прикова на крстот;

15и, откако ја зграби силата од на­чал­ствата и властите, Тој ги изложи јавно на позор и славејќи ја во Себе победата над нив.

16Па така, никој нека не ве осудува за јадење или пиење, или за некој празник, или за млад месец или саботи;

17тоа е само сенка на она што доаѓа, а телото е Христос.

18Никој своеволно да не ве мами со смиреномудрост и служење на ан­ге­ли­те, впуштајќи се во она што не го видел, гордеејќи се залудо со својот телесен ум,

19и не се придружи кон Главата, од Која целото тело, поддржано преку зглобови и врски, расте со растење спо­ред Бога.

20И така, ако вие со Христос умревте за почетоците на светот, тогаш зошто се препирате, како уште да живеете во светот;

21„Не се фаќај, не вкусувај, не пипај!“

22Сите тие се определени за распа­ѓа­ње — кога се управуваат според човечки­те заповеди и учења.

23Тие само наликуваат на мудрост во своеволното богослужење, во лажните понизности и во нештедењето на телото, но тоа нема никаква вредност, освен што го заситуваат телото.

e>