Колосјаните 3:1-25 MKDB2006 - Bible AI

1И така, ако сте воскреснале заедно со Христос, барајте го она што е горе, каде што Христос седи оддесно на Бога;

2мислете за небесното, а не за земното.

3Зашто вие умревте, и вашиот живот е сокриен со Христос во Бога.

4А кога ќе се јави Христос, вашиот живот, тогаш и вие ќе се јавите со Него во слава.

5Затоа умртвете ги органите од земната природа во вас, односно блудството, нечистотата, сласта, лошата желба, лакомството, кое е идолопоклонство!

6Поради тие пороци доаѓа гневот Божји врз синовите на непослушноста,

7меѓу кои некогаш се движевте и вие, кога живеевте во тие пороци.

8А сега и вие отфрлете сѐ од себе: гневот, лутината, злобата, хулењето, срамните зборови од својата уста!

9Не лажете се еден со друг, зашто ве­ќе го соблековте стариот човек заедно со неговите дела,

10и се облековте во новиот, кој се об­новува во познанието, според образот на својот Создател.

11Тука нема повеќе ни Елини, ни Јудејци, ни обрезани, ни необрезани, ни варварин, ни скит, ни роб, ни слободен, а сѐ и во сѐ е Христос.

12И така, како избраници Божји, све­ти и возљубени, облечете се во милосрдност, доброта, смиреност, кротост и долготрпеливост;

13трпете се еден со друг и проштавај­те си. Ако некој има поплака на некого, како што Христос ви прости, така и вие направете!

14А над сето тоа облечете се во љу­бов, која сѐ сврзува во совршенството,

15и мир Божји да владее во срцата ваши, за што сте повикани во едно тело, и бидете благодарни!

16Словото Христово изобилно нека се всели во вас; во секоја мудрост да се учите и да се советувате еден друг со псалми и химни, и со духовни песни, пе­ејќи Му на Господ со благодарност во срцата ваши!

17И сѐ што правите со збор или со де­ло, правете го во името на Господ Исус Христос, благодарејќи Му преку Него на Бога и Отецот!

18 Вие, жените, покорувајте им се на мажите свои, како што прилега во име­то на Господ!

19Вие, мажите, сакајте ги жените свои и не огорчувајте ги!

20Деца, на родителите свои бидете им послушни во сѐ, зашто тоа Му е бла­го­угодно на Господ!

21Татковци, не дразнете ги децата свои, за да не паѓаат со духот!

22Вие, слуги, во сѐ бидете им пос­луш­ни на своите земни господари по тело, слугувајте им не само пред очи како оние што сакаат да се умилкуваат на луѓето, туку во простота на срцето, со страхопочит кон Бога!

23И сѐ што правите, правете го од ду­шата, како за Господ, а не за луѓе,

24знаејќи дека како награда ќе добиете од Господ наследство, бидејќи на Господ Христос Му служите.

25А кој врши неправда, ќе добие според неправдата своја; и нема да има пристрасност!

e>