Колосјаните 4:1-18 MKDB2006 - Bible AI

1Вие, господари, бидете справедливи спрема слугите свои и давајте им го она што е правично, зашто знаете дека и вие имате Господар на небесата!

2 Бидете постојани во молитвата, би­дете бодри во неа со благодарност!

3Молете се исто така и за нас, за да ни ја отвори Бог вратата на проповедта да ја разгласуваме Христовата тајна, поради која сум и во окови,

4та да ја откријам, како што треба да зборувам!

5Спрема надворешните однесувајте се благоразумно, ползувајќи го времето!

6Зборот ваш секогаш да биде благодатен, зачинет со сол, за да знаете како треба на секого да му одговарате!

7 Што се однесува до мене, сѐ ќе ви соопшти Тихик, љубениот брат и верен служител и соработник во Господ,

8кого нарочно поради тоа го испратив кај вас за да разбере како сте и да ви ги утеши срцата ваши,

9заедно со Онисим, верниот и омилен наш брат, кој е од вас; тие ќе ви рас­ка­жат сѐ што станува овде.

10Ве поздравува Аристарх, кој е затворен со мене, и Марко, внукот на Варнава — за кого добивте заповед: ако дојде кај вас, примете го.

11Исто така и Исус, наречен Јуст; тие се од обрезаните и единствени сотрудници за царството Божјо, кои ми беа утеха.

12Ве поздравува од вашите Епафрас, служител на Исус Христос, кој секогаш во молитвите свои се грижи, да бидете совршени и исполнети со секаква волја Божја.

13Сведочам за него дека тој има голема ревност и грижа за вас и за оние што се во Лаодикија и Јерапол.

14Ве поздравува Лука, возљубениот лекар, и Димас.

15Поздравете ги браќата во Лаоди­ки­ја, и Нимфана, и неговата домашна црк­ва!

16Откако ова послание ќе биде про­чи­тано кај вас, потрудете се да биде про­читано и во лаодикиската црква, а она од Лаодикија да го прочитате и вие.

17Кажете му на Архип: „Гледај ја службата, што си ја примил во Господ да ја извршуваш!“

18Своерачен поздрав од мене, Павле. Помнете ги оковите, мои! Благодат ме­ѓу сите вас. Амин!

e>