1И им рече Господ на Мојсеј и на Арон, велејќи:
2
3секое животно што има раздвоени копита и длабок рез меѓу копитата, и кое прежива, тоа да го јадете.
4
5И питом зајак, бидејќи прежива, но нема раздвоени копита, нечист е за вас,
6и див зајак кој прежива, а нема раздвоени копита, нечист да биде за вас,
7
8
9А од сѐ она, пак, што е во вода ова јадете го: — сѐ што има перки и лушпи во водата, во морињата и во реките, јадете го.
10Она, пак, што нема перки и лушпи во водата, во морињата и во реките, меѓу она што плива по вода и живее во вода, одвратно да биде за вас.
11
12Сѐ што нема перки и лушпи во водата, тоа да ви е нечисто.
13А меѓу птиците гнасете се од овие: орелот, грифот, галебот; одвратни да бидат за вас, не јадете ги;
14и јастребот, и соколот од кој било вид,
15и секаков гавран од кој било вид;
16нојот, ластовицата, кукавицата со нивните видови;
17бувот, корморанот и ибисот;
18и лебедот, и чавката, и пеликанот,
19и штркот, и чапјата и слични на нив, и пупунецот и лилјакот;
20
21
22Од нив јадете ги само овие: скакулците и сличните на нив, соламот со сите негови видови, арголата и сличните на неа, и агавата од кој било вид.
23Сѐ друго што има крилја и оди на четири нозе одвратно да ви е; со тоа да не се осквернувате.
24
25
26Секое животно што има нераздвоени копита, но нема длабок рез меѓу копитата или не прежива, нечисто да биде за вас; секој кој ќе се допре до такво, нечист ќе биде.
27И сѐ што оди на лапите свои, меѓу сите четвороножни животни, нечисто да ви е; кој ќе се допре до трупот нивни, нечист ќе биде до вечерта.
28И кој ќе понесе труп нивни пцовисан, нека ја испере облеката своја и нечист е до вечерта; тие да ви бидат одвратни.
29
30и ежот и крокодилот, и гуштерот, и полжавот, и кртот.
31Тие да ви се нечисти меѓу животните што лазат по земјата, и кој ќе се допре до нив пцовисани, нечист да е до вечерта.
32
33А и секој сад земјен, во кој ќе падне нешто од тоа, и сѐ што ќе е во него, ќе биде нечисто, а садот скршете го.
34И секое јадење што го јадете, ако на него се излее вода од таков сад, ќе биде нечисто; и секое питие што се пие во секој таков сад, ќе ви биде нечисто.
35И сѐ на што ќе падне нешто од нивните пцовисани тела нечисто ќе е; и печката и огништето нека се растурат, зашто се нечисти, и нечисти ќе ви бидат.
36Само изворот, бунарот, каде што се собира водата, ќе бидат чисти; но кој се допре до пцовисан труп, ќе биде нечист.
37Ако нешто, пак, од пцовисан труп падне на семе, што се сее, тоа ќе ви биде чисто.
38Но ако на семето се излее вода, па тогаш падне нешто од пцовисан труп на семето, тоа да ви биде нечисто.
39
40
41И секаква гадинка што лази по земјата, да ви е одвратна и да не се јаде.
42Сѐ што се влече на мев и сѐ што оди на четири нозе или што е со многу нозе меѓу сѐ она што се влече по земјата, тоа да не го јадете, бидејќи е нечисто.
43
44
45
46Тоа е закон за добитокот и за птиците, и за секоја жива душа што се движи во вода, и за секое животно што лази по земја,
47за да се распознава нечистото од чистото и животните што можат да се јадат од животните што не треба да се јадат.“