1И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
2
3Свештеникот треба да излезе надвор од населбата, па ако увиди дека тој се излекувал од лепрата,
4
5Потоа свештеникот да заповеда да се заколе една од птиците над глинен сад, над изворска вода;
6и да ја земе живата птица, кедровото дрво, црвениот јаток и исопот, и да ги натопи нив и живата птица во крвта на птицата заклана над живата вода,
7
8
9
10
11
12
13
14
15Потоа свештеникот нека го земе логот со маслото и нека излее од маслото во својата лева дланка,
16па ќе го натопи својот десен показалец во маслото што му е во левата дланка, и со прстот ќе попрска од маслото седумпати пред Господ,
17а со остатокот од маслото, што му е во дланката, ќе го намачка крајчето од десното уво на оној што се очистува, и палецот на десната нога, и палецот на десната рака, на оние места каде што е крвта од жртвата поради вина.
18Преостанатото, пак, масло, што му е во дланката на свештеникот, тој ќе го излее врз главата на оној што се очистува; и ќе го очисти свештеникот пред Господ.
19Потоа свештеникот ќе ја принесе жртвата за грев и ќе го очисти оној што се очистува од неговата нечистота, а потоа ќе ја заколе жртвата сепаленица.
20И ќе ги принесе жртвата сепаленица и лебниот принос на жртвеникот; и ќе го очисти свештеникот и тој ќе биде чист.
21
22и две грлици или два млади гулаба, што ќе најде, — едната од тие птици да е жртва за грев, а другата — жртва сепаленица.
23На осмиот ден од своето очистување, да му ги донесе тој на свештеникот крај вратата од скинијата на собранието, пред лицето Господово.
24Свештеникот ќе го земе јагнето што е жртва за вина и логот со масло, и ќе го принесе тоа, нишајќи го пред Господ.
25И, штом ќе го заколе јагнето како жртва за вина, свештеникот ќе земе од крвта на жртвата за вина и ќе го намаже крајчето од десното уво на оној, кој се очистува, и палецот на десната рака, и палецот на десната нога.
26А од маслото свештеникот ќе излее во својата лева дланка;
27и со десниот показалец, од маслото што му е во левата дланка, да попрска седумпати пред Господ.
28И да го намаже свештеникот со масло, од она што му е во дланката, крајчето на десното уво на оној што се очистува, и палецот на десната рака, и палецот на десната нога, на она место каде што е крвта од жртвата за вина.
29Остатокот, пак, од маслото што му е во дланката, да го излее врз главата на оној што се очистува, за да го направи чист пред Господ.
30Потоа нека ја принесе свештеникот едната грлица, или едниот млад гулаб, каков што ќе најде, оној, кој се очистува;
31едната птица — жртва за грев, а другата — жртва сепаленица, заедно со лебниот принос; и свештеникот ќе го направи оној што се очистува чист пред Господ.
32Тоа е законот за оној што добил лепра, а при чистењето немал доволно средства.“
33И им рече Господ на Мојсеј и на Арон, велејќи:
34
35тогаш оној, чија е куќата, треба да отиде кај свештеникот и да каже: ‚по сѐ изгледа во мојата куќа се појави зараза.‘
36А свештеникот ќе нареди куќата да се испразни пред тој да влезе да ја прегледа заразата, за да не стане нечисто сѐ што е во куќата; потоа свештеникот ќе дојде и ќе ја прегледа куќата.
37И тој, кога ќе ја прегледа раната и ќе види дека заразата по ѕидовите на куќата се состои од зеленикави или црвеникави длабнатинки и по својот изглед се всадила во ѕидовите,
38ќе излезе од куќата низ вратата, а куќата ќе ја затвори за седум дена.
39А кога во седмиот ден ќе се врати, и ќе види дека заразата се проширила по ѕидовите на куќата,
40ќе нареди да се извадат камењата на кои има зараза, и да се фрлат надвор од населбата, на нечисто место;
41а куќата одвнатре целата да ја истружат и струганиците да ги исфрлат надвор од градот, на нечисто место.
42И да земат други камења и да ги стават на местото на извадените и со друг малтер да ја измачкаат куќата.
43Ако заразата пак се појави и почне да се шири по куќата, откако се извадени камењата и куќата е истругана и премачкана,
44свештеникот, штом ќе влезе и види дека заразата се раширила по куќата, во таа куќа има лоша лепра — нечиста е.
45Таа куќа да се урне, а камењата и дрвата и сиот малтер од куќата да се изнесат надвор од градот, на нечисто место.
46Оној што ќе влегува во таа куќа, додека е таа затворена, нечист ќе биде до вечерта;
47а оној што ќе спие во таа куќа, да ја испере облеката своја; и кој ќе јаде во таква куќа, и тој треба да ја испере облеката своја.
48Ако, пак, свештеникот дојде и види дека заразата во куќата не се раширила, откако е куќата премачкана, нека ја прогласи куќата за чиста, бидејќи заразата поминала.
49А за да ја очисти куќата, ќе земе две живи птици, кедрово дрво, црвен јаток и исоп,
50и ќе ја заколе едната птица над глинен сад, над изворска вода.
51Потоа тој ќе го земе кедровото дрво и исопот, црвениот јаток и живата птица и ќе ги натопи во крвта од закланата птица и во изворската вода, и ќе ја попрска куќата седумпати,
52и ќе ја очисти куќата со крвта од птицата и со живата вода, со живата птица и кедровото дрво, со исопот и со црвениот јаток;
53потоа живата птица да ја пушти во полето, надвор од градот, и ќе го очисти домот и домот ќе биде чист.
54Тоа е законот за секоја зараза од лепра и за ќелата,
55и за лепра по облеката и по куќите,
56и за оток, и за лишаи, и за дамки, —
57за да се знае кога се тие нечисти, а кога — чисти: ова е законот за лепрата.“