1ⓔИ му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
2„Кажи им на синовите Израелови и речи им: Јас сум Господ Бог ваш.
3ⓕНе постапувајте како што се постапува во египетската земја, во која живеевте, не постапувајте ни така како што постапуваат во земјата хананска, во која ве водам, и не управувајте се според нивните закони.
4ⓖИзвршувајте ги сите Мои наредби и пазете ги сите Мои заповеди, постапувајќи според нив. Јас сум Господ, Бог ваш.
5ⓗПазете ги сите Мои заповеди и сите Мои закони и извршувајте ги, и секој што ги извршува жив ќе биде. Јас сум Господ.
6Никој не смее да се доближува до сродница по тело, за да ја открие голотијата нејзина. Јас сум Господ.
7ⓘИ голотијата на таткото свој и голотијата на мајката своја да не ја откриваш; таа ти е мајка, не откривај ја голотијата нејзина.
8ⓙГолотијата на татковата жена не откривај ја; тоа е голотија на твојот татко.
9ⓚГолотијата на сестрата твоја, која е од татко ти или од мајка ти, родена во куќата или надвор од куќата, да не ја откриваш голотијата нејзина.
10Голотијата од ќерката на синот твој или од ќерката на ќерката твоја; не откривај ја голотијата нивна, зашто тие се твоја голотија.
11ⓛГолотијата на ќерката од жената на твојот татко, не откривај ја; таа ти е сестра по татко.
12Голотијата на татковата сестра не ја откривај; таа е од иста крв со таткото твој.
13Голотијата на мајкината сестра не ја откривај; таа е од иста крв со твојата мајка.
14ⓜГолотијата на татковиот брат не ја откривај и до неговата жена не се доближувај; таа ти е стрина.
15ⓝГолотијата на снаата своја не ја откривај, таа е жена на твојот син — затоа не ја откривај голотијата нејзина.
16ⓞГолотијата на братовата жена не откривај ја; тоа е голотија на братот твој.
17ⓟГолотијата на жена и на ќерка ѝ не ја откривај; ќерката на синот нејзин и ќерката на ќерката нејзина не ги земај, за да ја откриваш голотијата нивна: тие се од иста крв; тоа е беззаконие.
18Не земај ја за жена сестрата на твојата жена за да ја откриеш голотијата нејзина пред неа, сѐ уште додека е жива таа, зашто ќе создадеш меѓу нив соперништво.
19И до жена, сѐ додека трае чистењето од нечистотијата нејзина, не доближувај се за да ја откриеш голотијата нејзина.
20ⓠИ со жената на ближниот твој не легнувај, за да излееш семе и да се оскверниш со неа.
21ⓡОд децата свои не му принесувај жртва на Молох и не го обесчестувај името на твојот Бог. Јас сум Господ.
22ⓢНе легнувај со маж, како со жена: тоа е одвратност.
23ⓣИ со ниедно четвороножно животно не легнувај за да излееш семе, па да се оскверниш со него; и жена не смее да легнува под ниедно четвороножно животно, за да се спои со него: тоа е гнасотија.
24ⓤНе осквернувајте се со сево ова, затоа што со сето тоа се оскверниле народите, кои Јас сакам да ги отфрлам од вас;
25ⓥи земјата се оскверни, и Јас ги казнив поради нивните беззаконија, и така земјата ги исфрли своите жители.
26ⓦА вие пазете ги сите Мои закони и сите Мои повелби и не вршете ниедно од сите овие гнасотии, ниту вие овдешните, ниту придојдените што живеат меѓу вас,
27зашто сите тие гнасотии ги правеа луѓето на таа земја, што беа пред вас, и земјата се оскверни;
28ⓧза да не ве исфрли земјата и вас, кога ќе ја оскверните, како што ги исфрли народите што беа пред вас.
29Зашто сите, што ги вршат овие гнасотии, ќе бидат истребени од народот свој.
30И така, пазете ги сите Мои повелби за да не постапувате според ниеден од нивните гнасни обичаи, како што правеа оние што беа пред вас, и да не се оскверните со нив. Јас сум Господ, Бог ваш.“