1
2„Јави им на синовите на Израел и кажи им: кога ќе дојдете во земјата, што ви ја давам Јас, земјата што ви ја давам нека ја празнува саботата Господова;
3шест години засејувај ја нивата своја и шест години режи го лозјето свое и прибирај ги плодовите нивни,
4
5
6И за време на починката на земјата тоа нека биде храна за сите вас — за тебе и за твојот роб, за робинката твоја, за наемникот твој и за придојдениот, населен кај тебе;
7а за добитокот твој и за дивите животни што се на земјата твоја, тие плодови нека им бидат храна.
8И изброј седум саботни години, седумпати по седум, за да ти излезат во седумте саботни години четириесет и девет години;
9
10
11Педесеттата година да ви биде јубилеј; во таа година не сејте и не жнејте го она што ќе израсне само од земјата, ниту да го собирате грозјето од нережаните лози,
12зашто тоа е јубилеј: свет да биде тој за вас — од нивите јадете го она што само ќе израсне.
13Во таа јубилејна година секој нека се врати на имотот свој.
14
15ти треба да купуваш од ближниот свој според бројот на годините по јубилејот, и според бројот на годините на приходот тој треба да ти продава;
16ако остануваат многу години, зголеми ја цената; ако остануваат малку години, намали ја цената; зашто определен број годишни жетви ти продава тој.
17
18
19
20Ако кажете: што ќе јадеме во седмата година, кога не сме посеале ништо, не сме собрале производи наши,
21
22а во осмата година ќе сеете, но ќе јадете од старите производи до деветтата година; и додека не узреат плодовите нејзини, ќе јадете од старото.
23
24по целата земја на вашите имоти дозволувајте земјата да се откупува.
25Ако брат ти, кој е кај тебе, осиромаши и го продаде својот имот, тогаш да дојде неговиот најблизок роднина и нека го откупи продаденото од братот негов.
26Но, ако нема свој, кој да го откупи, но тој самиот успее и најде колку што треба за откуп,
27тогаш да ги пресмета годините од продажбата своја и да го врати другото на оној кому му го продал, и повторно да влезе во владението свое.
28Ако, пак, не најде колку што треба, за да врати, продаденото нека остане во рацете на купувачот сѐ до годината на јубилејот, а во јубилејната година да стане слободно и повторно да влезе во имотот свој.
29Ако некој продаде куќа за живеење во град ограден, таа може да се откупи сѐ додека не измине годината на продажбата нејзина — во текот на годината таа може да се откупи.
30Ако, пак, не се откупи додека не измине годината од продажбата нејзина, куќата што е во градот, ограден со ѕидови, засекогаш ќе остане во рацете на купувачот и родот негов, и во годината на јубилејот нема да му се одземе.
31А куќите по селата, околу кои нема ѕидови, треба да се сметаат за ниви; тие можат да се откупуваат, а во јубилејната година ќе се вратат.
32
33ако некој од левитите не ја откупи, тогаш продадената куќа во градот што е определен за левитите, ќе биде вратена во времето на јубилејната година, зашто куќите во градовите на левитите се нивно владение меѓу синовите на Израел.
34И земјата околу нивните градови не смее да се продава, зашто таа е нивно вечно владение.
35
36
37Не давај му пари со камата, а и храната твоја не давај му ја со добивка.
38
39
40тој треба да ти биде како наемник, како преселник; нека ти работи до јубилејната година,
41
42бидејќи тие се Мои слуги, кои Јас ги изведов од египетската земја: тие не смеат да се продаваат како што се продаваат робовите.
43
44Ако сакаш да имаш свој роб и своја робинка, купувајте си роб и робинка од народите што се околу вас; од нив да си земате робови и робинки.
45Исто така и од децата на преселниците, населени меѓу вас, можете да купувате; и од нивните роднини, родени во земјата ваша, ако ги има, и тие можат да ви бидат сопственост.
46Можете да ги предавате во наследство и на синовите ваши по вас како вечен имот; а браќата ваши, синовите израелски, не обременувајте ги со многу работа.
47
48
49
50
51и ако остануваат уште многу години, тогаш сразмерно на нив да го врати својот откуп во пари, за кои бил купен;
52ако, пак, остануваат уште малку години до јубилејната година, да пресмета и сразмерно на годините да плати за себе откуп.
53
54Ако, пак, не се откупи на тој начин, тогаш во јубилејната година да замине самиот тој и децата негови со него,
55