Левитска 3:1-17 MKDB2006 - Bible AI

1 „Но, кога некој принесува жртва за мир, а ја принесува од крупниот добиток, било машко или женско, нека ја принесе пред Господ без недостаток;

2и нека ја стави раката своја врз главата на жртвата, и нека ја заколе кај влезот во скинијата на собранието, а свештениците, синовите Аронови, нека го попрскаат со крвта жртвеникот од сите страни.

3Од жртвата за мир нека Му принесе на Господ принос — лојот што ја обвива внатрешнината и сиот лој по внатрешнината.

4И обата бубрега и лојот што е на нив и на слабините, и кошулката што е на црниот дроб: нека ја извади со бубре­зи­те;

5синовите Аронови нека го изгорат тоа на жртвеникот заедно со жртвата сепа­леница, што е врз дрвата, на огнот. Тоа е жртва со благопријатен мирис пред Господ.

6Ако, пак, Му принесува на Господ жртва за мир од ситниот добиток, машко или женско, нека принесе таква што е без недостаток.

7Ако јагне принесува како своја жртва, нека го приведе пред Господ;

8и нека ја стави раката своја врз главата на својата жртва, и нека ја за­коле пред вратата од скинијата на со­б­ранието, а синовите Аронови нека го попрскаат жртвеникот со крвта нејзина наоколу.

9Потоа од жртвата за мир нека го принесе како жртва на Господ и лојот, целата опашка до грбот, сиот лој што ја обвива внатрешнината и сета маст во внатрешнината,

10и обата бубрега и лојот што е на нив и на слабините, и кошулката околу црниот дроб: сето тоа заедно со буб­резите нека го оддели;

11свештеникот нека го изгори тоа на жртвеникот; тоа е храна на огнот — принос на Господ.

12Ако, пак, принесува жртва на Гос­под од козите, нека ја претстави пред Господ,

13и нека ја стави раката своја врз главата нејзина, па нека ја заколе пред скинијата на собранието, а синовите Аронови нека го попрскаат со крвта жртвеникот од сите страни.

14Од неа нека Му го принесе на Гос­под како принос и лојот, што ја обвива утробата и сиот лој во неа,

15и обата бубрега, и сиот лој што е околу нив, што е по слабините, и ко­шулката на црниот дроб: сето тоа заедно со бубрезите нека го оддели.

16А свештеникот нека го изгори врз жртвеникот; тоа е храна на огнот — благопријатен мирис на Господ; сиот лој е за Господ.

17Тоа нека е вечен закон за сите ваши поколенија, во сите ваши живеалишта: никаков лој и никаква крв да не јадете.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
/div>