1
2па му рече на Арон: „Земи од говедата свои теле поради грев, и овен за сепаленица, обете без недостаток, и принеси ги пред Господ.
3И на старешините израелски кажи им: земете козел за жртва за грев, и теле и јагне, едногодишни, без недостаток, за жртва сепаленица,
4
5Зедоа сѐ како што им заповеда Мојсеј, и сето тоа го донесоа пред скинијата на собранието; се собра целиот народ, па застана пред Господ.
6
7
8Тогаш пристапи Арон до жртвеникот и закла теле за него, како жртва за грев,
9
10лојот и обата бубрега, и кошулката на црниот дроб, ги изгоре врз жртвеникот, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј;
11месото, пак, и кожата ги изгоре надвор од логорот.
12Потоа закла жртва сепаленица, и синовите Аронови му поднесоа од крвта нејзина, а тој го попрска жртвеникот од сите страни;
13му ја донесоа и жртвата сепаленица во делови; сето тоа, и главата, ги изгоре на жртвеникот,
14а утробата и нозете ги изми, и ги изгоре врз жртвеникот заедно со жртвата сепаленица.
15Потоа тој принесе дар од народот; зеде козел поради гревот на народот, го закла, и го принесе како жртва за грев како и првиот.
16И принесе жртва сепаленица, и го изврши тоа според заповедите како што треба.
17А принесе и лебен принос и ги наполни рацете со него, и го изгоре на жртвеникот, врз утринската жртва сепаленица.
18Ги закла и волот и овенот што беа од народот, како жртва за мир; и синовите Аронови му ја принесоа крвта нивна, и тој го полеа со неа жртвеникот од сите страни;
19му го дадоа и лојот од волот и опашката од овенот, и лојот што ја покрива утробата, и обата бубрега, како и кошулката од црниот дроб,
20па го ставија лојот врз градите, и тој го изгоре лојот врз жртвеникот;
21градите, пак, и десната плешка ги принесе Арон нишајќи ги пред Господ, како што му заповеда Господ на Мојсеј.
22
23
24