1Бидејќи мнозина се обидоа да пишуваат за настаните што се случија меѓу нас,
2ⓐкако што ни ги предадоа оние, кои уште од почетокот беа очевидци и служители на Словото,
3ⓑнамислив и јас, откако испитав сѐ од почетокот, да ти опишам точно по ред, честити Теофиле,
4ⓒза да ја препознаеш веродостојноста на учењето, на кое си се учел.
5ⓓВо деновите на Ирод, царот јудејски, живееше еден свештеник по име Захарија, од редот Авијанов; а жена му беше од ќерките Аронови и се викаше Елисавета.
6И обајцата беа праведни пред Бога, постапувајќи според сите заповеди и повелби Господови беспрекорно.
7ⓔТие немаа деца, зашто Елисавета беше неротка; а обајцата беа веќе на поодминати години.
8ⓕЕднаш, додека тој по редот на својот свештенички чин служеше пред Бога,
9ⓖспоред обичајот на свештениците, нему му се падна ждрепката да влезе во храмот Господов и да покади.
10ⓗЗа време на кадењето целиот народ се молеше надвор.
11ⓘТогаш му се јави ангел Господов, стоејќи од десната страна на кадилниот жртвеник.
12ⓙЗахарија се вознемири кога го виде и страв го обзеде.
13ⓚНо ангелот му рече: „Не плаши се, Захарија, зашто твојата молба е услишена и жена ти Елисавета ќе ти роди син и ќе му ставиш име Јован.
14И ќе бидеш радосен и весел; мнозина ќе се зарадуваат заради неговото раѓање.
15ⓛЗашто тој ќе биде голем пред Господ и нема да пие вино ни жесток пијалак, а ќе се исполни со Дух Свети уште во утробата на мајка си;
16ⓜи многу Израелови синови ќе ги врати кон нивниот Господ Бог;
17ⓝи тој ќе оди пред Него во духот и силата на Илија, за да ги сврти срцата на татковците кон децата, и непокорните кон разумот на праведните, па да Му подготви на Господ народ подготвен.“
18ⓞИ му рече Захарија на ангелот: „По што ќе го разберам тоа? Јас сум стар, а жена ми е веќе во поодминати години.“
19ⓟАнгелот му одговори и рече: „Јас сум Гаврил кој стои пред Бога; пратен сум да зборувам со тебе и да те известам за оваа радосна вест;
20ⓠи ете, ти ќе онемиш и не ќе можеш да говориш до оној ден кога ќе се случи тоа, затоа што не им поверува на моите зборови, што ќе се исполнат во свое време.“
21Народот го чекаше Захарија и се чудеше зошто се забави во храмот.
22А кога излезе, не можеше да зборува со нив; и така разбраа дека имал видение во храмот. Тој им објаснуваше со знаци, но остануваше нем.
23И штом изминаа деновите на неговата служба, тој се врати дома.
24По тоа време зачна неговата жена Елисавета и таеше пет месеци, велејќи:
25ⓡ„Така ми направи Господ во деновите кога погледна на мене за да го симне срамот од мене меѓу луѓето.“
26ⓢА во шестиот месец беше испратен од Бога ангелот Гаврил во галилејскиот град, по име Назарет,
27ⓣкај една девојка. Таа беше свршена за маж по име Јосиф, од домот Давидов; а името на девојката ѝ беше Марија.
28ⓤИ кога влезе ангелот кај неа, рече: „Радувај се, благодатна! Господ е со тебе!“
29А таа, штом го виде, се вознемири од зборовите негови и размислуваше што значи тој поздрав.
30ⓥИ ѝ рече ангелот: „Не плаши се, Марија, зашто си нашла милост пред Бога;
31ⓦи ете, ти ќе зачнеш во утробата и ќе родиш Син, и ќе Го наречеш со името Исус.
32ⓧТој ќе биде голем и ќе се нарече Син на Севишниот; и ќе Му го даде Господ Бог престолот на Неговиот татко Давид;
33ⓨи ќе царува над домот Јаковов засекогаш, и царувањето Негово нема да има крај.“
34ⓩА Марија му рече на ангелот: „Како ќе биде тоа кога јас не знам за маж?“
35ⓐАнгелот ѝ одговори и рече: „Светиот Дух ќе слезе на тебе и силата на Севишниот ќе те осени; па затоа и роденото ќе биде свето и ќе се нарече Син Божји.
36ⓑЕте и Елисавета, твојата роднина, за која велат дека е неротка, и таа зачна син во староста своја; нејзе ѝ е веќе шести месец;
37ⓒзашто кај Бога ниеден збор не останува невозможен.“
38ⓓМарија, пак, рече: „Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои!“ И ангелот си отиде од неа.
39А Марија стана во тие дни и поита во ридскиот крај, во градот Јудин;
40па влезе во домот на Захарија и ја поздрави Елисавета.
41ⓔШтом го слушна Елисавета поздравот на Марија, заигра детето во утробата нејзина; и Елисавета се исполни со Дух Свети,
42ⓕпа извика гласно и рече: „Благословена си ти меѓу жените, и благословен е плодот на твојата утроба!
43И од каде за мене ова, кај мене да дојде мајката на мојот Господ?
44Зашто, ете, штом гласот од твојот поздрав одекна во ушите мои, од радост ми заигра детето во утробата моја.
45ⓖИ блажена е таа која поверува, зашто ќе се исполни она, што ѝ рекол Господ.“
46И рече Марија: „Мојата душа Го велича Господа,
47ⓗи мојот дух се зарадува во Бога, Спасителот мој,
48ⓘзашто ја погледа смиреноста на слугинката Своја, и ете, отсега ќе ме нарекуваат блажена сите поколенија;
49ⓙзашто Силниот ми направи големи дела, и свето е Неговото име;
50ⓚи милоста Негова е од колено на колено за оние што се бојат од Него.
51ⓛТој покажа сила со раката Своја; ги распрсна оние што се возгордеаја со мислите во срцата свои;
52ⓜги симна силните од престоли и ги воздигна понижените;
53ⓝгладните ги исполни со добра, а богатите ги отпушти празни;
54ⓞго прифати Израел, Својот слуга, сеќавајќи се на милоста,
55ⓟкако што им зборуваше на татковците наши, на Авраам и на семето негово довека.“
56И остана Марија со неа околу три месеци, па се врати дома.
57А на Елисавета ѝ дојде времето да роди и таа роди син.
58ⓠКога слушнаа оние што живееја околу, и роднините нејзини, дека ја удостоил Господ со Својата милост, се радуваа со неа.
59ⓡНа осмиот ден дојдоа да го обрезат новороденчето и сакаа да му го дадат името на татко му Захарија.
60Но мајка му одговори и рече: „Не, туку ќе се вика Јован!“
61Ѝ рекоа нејзе: „Никој нема меѓу твоите роднини кој го носи тоа име.“
62И го прашаа со знаци татко му, како би сакал да го наречат.
63ⓢТој побара штичка и ги напиша зборовите: „Јован му е името.“ И сите се зачудија.
64И уште во истиот миг му се отвори устата и му се одврза јазикот негов, и зборуваше, благословувајќи Го Бога.
65ⓣИ ги обзеде страв сите што живееја околу; и прикажуваа за сето тоа по целиот крај Јудејски.
66ⓤСите што слушнаа, го зедоа тоа при срце и велеа: „Што ли ќе стане од тоа дете?“ И раката Господова беше со него.
67А Захарија, татко му, се исполни со Дух Свети и пророкуваше, говорејќи:
68ⓥ„Благословен да е Господ, Бог Израелов, зашто го посети и го избави народот Свој;
69ⓦи подигна за нас моќно спасение, во домот на Давид, Својот слуга;
70како што говореше одамна преку устата на Своите свети пророци,
71ⓧдека ќе нѐ избави од непријателите наши и од рацете на сите што нѐ мразат;
72ⓨза да ја пројави Својата милост над татковците наши и да се сети на светиот завет Свој,
73ⓩⓐна заклетвата, со која му се заколна на Авраам, нашиот татко;
74дека ќе ни даде, штом нѐ избави од непријателите наши,
75ⓑбез страв да Му служиме, во светост и правда пред Него, преку целиот наш живот.
76ⓒА ти, дете, ќе се наречеш пророк на Севишниот, зашто ќе одиш пред Господовото лице за да Му ги приготвиш патиштата Негови;
77ⓓи да му дадеш на народот Негов сознание за спасение, преку проштевање на гревовите нивни,
78ⓔзаради големото милосрдие на нашиот Бог, со која нѐ посети Исток од висините,
79ⓕза да им блесне на оние што седат во темнина и во сенка смртна, и да ги упати нозете наши по патот на мирот.“
80ⓖА детето растеше и крепнеше со духот; и живееше во пустина до денот кога им се јави на Израелците.