Лука 12:1-59 MKDB2006 - Bible AI

1ⓕМеѓутоа, кога се насобраа ил­јадници луѓе — така што се газеа еден со друг, Тој почна да им зборува најнапред на Своите ученици: „Пазете се од квасот фарисејски, што е лицеме­рие.

2ⓖНема ништо сокриено што нема да се открие, ниту пак тајно што не ќе се дознае.

3Затоа, што сте рекле во темнина, ќе се слушне на виделина; и што сте ше­по­теле на уво во скришните одаи, ќе биде разгласено од покривите.

4ⓗА вам, на Моите пријатели, ви ве­лам: не плашете се од оние што го убиваат телото и потоа не можат ништо повеќе да направат.

5ⓘЌе ви покажам од кого да се пла­шите: плашете се од Оној Кој, откако убие, има власт да фрли во пеколот; да, ви велам, од Него плашете се!

6Зар не се продаваат пет врапчиња за две парички[8]? И ниедно од нив Бог не го заборава.

7ⓙА вам, и влакната на главата ви се изброени. Па затоа, не плашете се: од многу врапчиња вие сте поскапи.

8ⓚВи велам: секој што Ме признава Мене пред луѓето, и Синот Човечки ќе го признае пред Божјите ангели.

9ⓛА кој ќе се одрече од Мене пред лу­ѓето, тој ќе биде одречен пред Божјите ангели.

10ⓜНа секој што ќе каже збор против Синот Човечки, ќе му биде простено; но на оној, кој ќе похули на Светиот Дух, нема да му се прости.

11ⓝА кога ќе ве одведат во синагогите и пред властите и началствата, не гри­жете се како ќе одговорите, или што ќе кажете;

12ⓞзашто Светиот Дух ќе ве научи во истиот час што треба да кажете.“

13Некој од народот Му рече: „Учи­те­ле, кажи му на мојот брат да го подели со мене наследството!“

14ⓟА Тој му рече: „Човеку, кој Ме пос­тави да ви судам или да ве делам?“

15ⓠПотоа им кажа: „Внимавајте! Чу­вај­те се од алчноста, зашто животот на човека не зависи од изобилието на не­го­виот имот.“

16И им кажа една парабола и рече: „На некој богат човек нивата му беше родила многу.

17И размислуваше во себе, велејќи: ‚Што да направам? Не­мам во што да ги соберам плодовите свои.‘

18Па рече — вака ќе направам: ќе ги урнам амбарите свои и ќе соѕидам по­го­леми, и таму ќе го соберам сето свое жито и сите свои добра,

19ⓡи ќе ѝ речам на душата своја: ‚Ду­шо, имаш многу добра, насобрани за многу години; почивај, јади, пиј и ве­се­ли се!‘

20ⓢНо Бог му рече: ‚Безумниче, ноќва ќе ти ја побарам душата твоја; тоа што си го приготвил, кому ќе му остане?‘

21ⓣТака се случува со оној што собира богатство за себе, а не се богати во Бога.“

22ⓤИ им рече на учениците Свои: „За­тоа ви велам: не грижете се за душата своја што ќе јадете, ниту за телото свое што ќе облечете.

23ⓥЗашто душата е многу поскапа од храната, и телото — од облеката.

24ⓦПогледајте ги гавраните! Тие ниту сеат, ниту жнеат! И немаат скривници, ниту житници и Бог ги храни; а колку сте поскапи вие од птиците?

25Мисли ли некој од вас дека, ако се грижи, може да му додаде еден лакт на својот раст?

26ⓧИ така, кога ни најмалото нешто не можете да го направите, зошто се гри­жите за друго?

27ⓨПогледајте ги лилјаните како растат! Ниту се трудат, ниту предат; но ви велам дека ни Соломон, во сета своја слава, не се облече така, како еден од нив.

28Ако, пак, тревата во полето, која денес ја има, а утре се фрла во оган, Бог така ја облекува, тогаш колку повеќе ќе ве облекува вас, маловерни!

29Па затоа и вие, не барајте што ќе ја­дете или што ќе пиете; и не се загри­жу­вајте!

30ⓩСето тоа го бараат незнабошците на овој свет; а вашиот Отец знае дека тоа ви е потребно.

31ⓐНо барајте го царството Божјо, и сето тоа ќе ви биде придодадено!

32ⓑНе плаши се, мало стадо! Зашто волјата на вашиот Отец е вам да ви го даде царството.

33ⓒПродајте си ги имотите ваши и да­вајте милостина! Подгответе си ќесиња што нема да изветват, ризница на небото, каде крадец не се приближува и кое молец не го јаде;

34зашто, каде што е вашата ризница, таму ќе биде и срцето ваше.

35ⓓНека ви биде половината пре­па­ша­на и светилата — запалени!

36ⓔТогаш и вие ќе личите на оние луѓе, што го чекаат својот господар да се вра­ти од свадба, за да му отворат веднаш штом ќе дојде и почука.

37ⓕБлазе на оние слуги што ќе ги за­те­че господарот будни, кога ќе си дојде! Вистина ви велам, тој ќе се препаша и ќе им рече да седнат, па ќе пристапи и ќе им служи.

38А ако дојде и на втора или на трета ноќна стража, и ги затекне така, блазе на тие слуги!

39ⓖЗнајте го и тоа дека, ако домаќинот на куќата би знаел во кој час ќе дојде крадецот, тој би седел буден и не би доз­волил да му ја поткопаат куќата.

40ⓗЗатоа и вие, бидете подготвени, зашто Синот Човечки ќе дојде во часот кога не се надевате!“

41А Петар Му рече: „Господи, за нас ли ја кажуваш оваа парабола, или за сите?“

42ⓘТогаш Господ рече: „Кој е тој верен и разборит управител, кого го поставил неговиот господар над своите слуги, за да им ја дава потребната храна на­вре­ме?

43ⓙБлазе на тој слуга, чиј господар, ко­га ќе дојде, ќе го затекне така да пос­та­пува!

44ⓚВистина ви велам дека тој ќе го пос­тави него над целиот свој имот.

45Ако, пак, тој слуга си рече во срцето свое: ‚Нема скоро да дојде мојот гос­подар!‘, па почне да ги тепа слугите и слугинките, да јаде и пие и да се опива,

46господарот на тој слуга ќе дојде во ден во кој не очекува, и во час што не го знае, па ќе го оддели и ќе го постави ме­ѓу неверните.

47ⓛⓜА оној слуга кој ја знае волјата на својот господар и не се приготвил и не постапил според волјата негова, ќе биде многу биен.

48Кој, пак, не знаел и направил нешто што заслужува тепање, ќе биде малку тепан. Кому му е многу дадено, многу и ќе се бара од него; и кому му е доверено повеќе, повеќе ќе се бара од него.

49ⓝЈас дојдов да фрлам оган на земјата и колку би сакал да се беше веќе разгорел.

50ⓞСо крштавање треба да се крстам и колку Ми е мачно додека не се сврши тоа.

51ⓟМислите ли дека сум дошол да да­дам мир на земјата? Не, ви велам, туку разделеност.

52ⓠЗашто отсега, пет члена во една ис­та куќа ќе бидат разделени: тројца против двајца и двајца против тројца.

53ⓡЌе се разделат татко против син и син против татко; мајка против ќерка и ќерка против мајка; свекрва против снаата своја и снаа против свекрвата своја.“

54А на народот му рече: „Кога гледа­те дека се крева облак од запад, тогаш велите: ‚Ќе врне дожд!‘ И тоа се слу­чу­ва.

55А кога дува јужниот ветар, велите: ‚Ќе биде горештина!‘ Па така и бива.

56Лицемери, знаете како да го толкувате лицето на небото и земјата, зошто ова време не умеете да го толкувате?

57Зошто тогаш сами од себе не судите што е праведно?

58Кога одиш со својот обвинител пред власта, потруди се уште по патот да се измириш со него, за да не те предаде на судијата, а судијата на извршителот и тој да те фрли в затвор.

59Ти велам, оттаму нема да излезеш, сѐ додека не ја дадеш и последната па­ра.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
v>