Лука 13:1-35 MKDB2006 - Bible AI

1ⓢВо истото време беа присутни и некои, кои Го известија за настанот со Галилејците, чија крв Пи­лат ја смешал со нивните жртви.

2ⓣИсус им одговори и рече: „Мислите ли дека тие Галилејци биле најголемите грешници од сите Галилејци, па затоа така пострадаа?

3ⓤНе, ви велам: но, ако не се покаете, сите така ќе изгинете!

4Или мислите дека оние осумнаесет души, врз кои падна Силоамската кула и ги уби, беа највиновни должници од си­те други што живеат во Ерусалим?

5Не, ви велам: но ако не се покаете, сите така ќе изгинете.“

6ⓥИ ја кажа оваа парабола: „Некој чо­век имаше во своето лозје посадено ед­на смоква, па дојде да бара од неа плод, но не најде.

7ⓦТогаш му рече на лозарот: ‚Ете, три години доаѓам и барам плод на оваа смоква, и не наоѓам; пресечи ја; зошто само да ја испостува земјата.‘

8ⓧА тој му одговори и рече: ‚Гос­по­да­ре, остави ја и оваа година, додека да ја опкопам и ѝ ставам ѓубре;

9па, ако роди, добро, а ако не даде плод, тогаш в година ќе ја пресечеш.‘“

10ⓨВо една од синагогите Тој поу­чу­ва­ше во сабота.

11ⓩИ ете, дојде една жена која беше об­земена од дух што ѝ предизвикува­ше немоќ веќе осумнаесет години. Таа беше згрчена и никако не можеше да се исправи;

12штом ја виде Исус, ја повика и ѝ ре­че: „Жено, ослободена си од болеста своја.“

13ⓐИ ги стави рацете Свои врз неа; и таа веднаш стана и Го славеше Бога.

14ⓑА началникот на синагогата, негодувајќи што ја излекува Исус во сабота, одговори и му рече на народот: „Има шест дена во кои треба да се работи; то­гаш доаѓајте и лекувајте се, а не во са­бо­та!“

15ⓒНо Господ му одговори и рече: „Ли­цемере, не го одврзува ли секој својот вол, или магаре, од јаслите во сабота и не го води ли да го напои?

16А оваа ќерка Авраамова, што ја вр­зал сатаната еве веќе осумнаесет години, зарем не требаше да се ослободи од тие ланци во сабота?“

17ⓓИ штом го рече ова, сите што беа против Него се засрамија; и целиот на­род се радуваше за сите славни дела из­вршени од Него.

18ⓔА Тој рече: „На што прилега цар­ството Божјо и со што да го споредам?

19ⓕТоа е како синапово зрно, што го зема човек и го посадува во градината своја, каде што израстува и станува го­лемо дрво; па и птиците небески си прават гнезда на неговите гранки.“

20ⓖИ пак рече: „Со што да го споредам царството Божјо?

21Тоа прилега на квас што го зема жена и го става во три мери брашно, до­дека скисне сето.“

22ⓗИ по патот за Ерусалим минеше низ градови и села и поучуваше.

23Некој, пак, Му рече: „Господи, мал­ку ли се оние што ќе бидат спасени?“ А Тој рече:

24ⓘ„Потрудете се да влезете низ тесната врата; зашто ви велам: мнозина ќе сакат да влезат и не ќе можат.

25ⓙКога ќе стане домаќинот и ќе ја затвори вратата на куќата, а вие, сто­еј­ќи однадвор, ќе почнете да чукате и да викате: ‚Господи, Господи, отвори ни!‘ Тој ќе ви одговори и ќе ви рече: ‚Не ве знам од каде сте!‘

26Тогаш ќе почнете да зборувате: ‚Ние јадевме пред Тебе и пиевме; и по нашите улици Ти поучуваше.‘

27ⓚА Тој ќе рече: ‚Ви велам: не ве познавам од каде сте; отстапете од Мене сите што вршите неправда!‘

28ⓛТаму ќе настане плач и шкрипење со заби, кога ќе го видите Авраам, Исак и Јаков и сите пророци во царството Божјо, а себе — истерани надвор.

29ⓜИ ќе дојдат од исток и запад, и се­вер и југ, и ќе седнат на трпезата во царството Божјо.

30ⓝИ така, има последни што ќе бидат први, а има и први што ќе бидат последни.“

31ⓞВо тој ден пристапија некои од фа­рисеите и Му рекоа: „Излези и оди си одовде, зашто Ирод сака да Те убие!“

32И им рече: „Одете и кажете ѝ на таа лисица: еве, истерувам демони и ис­целувам уште денес и утре — а на трети­от ден ќе завршам;

33ⓟно Јас треба да го проследам Своето патување уште денес, утре и задутре, бидејќи не доликува пророк да загине надвор од Ерусалим.

34Ерусалиме, Ерусалиме, ти што ги убиваш пророците и ги каменуваш оние што ти се пратеници твои. Колкупати сакав да ги соберам чедата твои како што квачка ги собира пилињата свои под крилја, но не сакавте.

35ⓠИ ете, домот ваш ќе ви биде на­пуш­тен. И Јас ви велам дека нема да Ме ви­дите сѐ додека не дојде времето да ка­жете: ‚Благословен е Оној Кој доаѓа во името Господово!‘“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
v>