1ⓨА на учениците Свои им рече: „Си беше еден богат човек кој имаше настојник; и тој беше наклеветен пред него дека го растура неговиот имот.
2ⓩИ тој го повика, и му рече: ‚Што е ова што слушам за тебе? Дај сметка за раководењето, зашто веќе не ќе можеш да бидеш настојник.‘
3А настојникот си рече во себе: ‚Што да правам? Господарот мој го одзема од мене раководењето на куќата; да копам, не можам, да просам — се срамам.
4Знам што да направам, за да ме примат луѓето во своите домови, откако ќе бидам отпуштен од раководењето на куќата.‘
5И кога ги повика должниците на својот господар, секого поодделно, му рече на првиот: ‚Колку му должиш на мојот господар?‘
6Тој одговори: ‚Сто мери масло.‘ И му рече: ‚Земи си ја потврдата, седни бргу и напиши педесет!‘
7Потоа му рече на другиот: ‚А ти, колку должиш?‘ Тој одговори: ‚Сто мери пченица.‘ И му рече: ‚Земи си ја потврдата и напиши осумдесет!‘
8ⓐИ го пофали господарот несправедливиот настојник, зашто постапил досетливо; зашто синовите на овој свет кон својот род се подосетливи од синовите на светлината.
9ⓑИ јас ви велам: создадете си пријатели преку неправедно богатство, па, кога тоа ќе исчезне, да ве примат во вечните живеалишта.
10ⓒВерниот во малку и во многу е верен, а несправедливиот и во многу и во малку е несправедлив.
11Па така, ако во неправедното богатство не бевте верни, кој ќе ви го довери вистинското?
12И ако во туѓото не бевте верни, кој ќе ви го даде вашето?
13ⓓНиеден слуга не може да им служи на двајца господари; зашто, или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го засака, или на едниот ќе му угоди, а другиот ќе го презре. Не можете да служите на Бога и на Мамон[10].“
14ⓔСето тоа го слушаа фарисеите, што беа среброљупци, и Му се потсмеваа.
15ⓕИ им рече: „Вие се правите праведни, пред луѓето но Бог ги знае вашите срца; зашто, она што меѓу луѓето се цени, пред Бога е одвратност.
16ⓖЗаконот и Пророците беа до Јован; а оттогаш се проповеда Евангелието за царството Божјо и секој со усилие се обидува да влезе во него.
17ⓗНо полесно е небото и земјата да поминат, отколку една точка од Законот да падне.
18ⓘСекој, што ја остава жената своја и се жени со друга, извршува прељуба, и секој што се жени со онаа што ја оставил мажот, прави прељуба.“
19„Си беше еден богат човек кој се облекуваше во порфир и во свила, и секој ден живееше раскошно и се веселеше.
20ⓙА еден сиромав, по име Лазар, лежеше пред вратата негова сиот покриен со красти,
21ⓚкој сакаше да се нахрани со трошките што паѓаа од трпезата на богатиот; и кучињата доаѓаа и ги лижеа раните негови.
22ⓛУмре сиромавиот и ангелите го однесоа во пазувите Авраамови; умре и богатиот и го погребаа.
23И во пеколот, додека беше во маки, ги подигна очите свои и го виде оддалеку Авраам и Лазар во неговите пазуви.
24Тогаш тој извика и рече: ‚Оче Аврааме, смилувај ми се и прати го Лазар да го накваси својот прст во вода и да ми го разлади јазикот, зашто многу страдам во овој пламен!‘
25ⓜНо Авраам рече: ‚Синко, сети се дека ти си го добил своето добро уште додека беше жив, а Лазар злото; сега, пак, тој се утешува, а ти се мачиш.
26Освен тоа, меѓу вас и нас има голема провалија така што оние кои би сакале да дојдат кај вас, не можат; а исто така и оние оттаму — кај нас.‘
27А тој пак рече: ‚Тогаш, те молам, оче, прати го во татковата ми куќа,
28зашто имам петмина браќа, та да им посведочи, за да не дојдат и тие во ова место на маките!‘
29ⓝАвраам му рече: ‚Тие ги имаат Мојсеј и Пророците; нив нека ги слушаат!‘
30А тој рече: ‚Не, оче Аврааме, туку, ако некој од мртвите оди кај нив, тогаш ќе се покаат.‘
31ⓞАвраам му рече: ‚Штом Мојсеј и Пророците не ги слушаат, тогаш и да воскресне некој од мртвите, тие нема да му поверуваат.‘“