Лука 18:1-43 MKDB2006 - Bible AI

1Им кажа и една парабола за тоа како е потребно секогаш да се молат и да не паѓаат со духот.

2И рече: „Во некој град си беше еден судија, кој од Бога не се плашеше, ниту од луѓето се срамуваше.

3Во истиот град живееше една вдовица и доаѓаше кај него, велејќи: ‚Заш­тити ме од мојот противник!‘

4Но тој за долго време не сакаше. Најпосле си рече во себе: ‚Иако од Бога не се плашам и од луѓето не се срамувам,

5но, бидејќи оваа вдовица не ми дава мир, ќе ја заштитам, за да не доаѓа по­веќе и да не ми додева.‘“

6И рече Господ: „Чујте што зборува несправедливиот судија!

7Зарем Бог нема да ги одбрани Сво­и­те избраници, што викаат кон Него де­ње и ноќе; макар и да забави?

8Ви велам, ќе ги одбрани набргу. Но Синот Човечки, кога ќе дојде, ќе најде ли вера на земјата?“

9А на оние што беа уверени во себе дека се праведни и ги презираа другите, им ја кажа оваа парабола:

10„Два човека влегоа во храм да се помолат: едниот фарисеј, а другиот цариник.

11Кога застанаа, фарисејот вака се молеше во себе: ‚Боже, Ти благодарам што не сум како другите луѓе; разбојници, несправедливи, прељубници, или како овој цариник.

12Постам двапати во седмицата, да­вам десеток од сѐ што ќе стекнам.‘

13А цариникот стоеше одда­леку; не смееше дури и очите да ги по­дигне кон небото, туку се удираше в гради и велеше: ‚Боже, биди милостив спрема мене грешниот!‘

14Ви велам: тој си отиде дома повеќе оправдан, отколку оној, зашто секој што самиот себе се возвишува, ќе биде понизен, а кој се понизува себе самиот, ќе биде возвишен.“

15Кај Него донесуваа и мали деца за да ги допре; а учениците, штом ќе видеа, им забрануваа.

16Но тогаш Исус ги повика и им ре­че: „Оставете ги децата да доаѓаат кај Мене, и не ги спречувајте, зашто на таквите им припаѓа царството Божјо!

17Вистина ви велам: кој нема да го прими царството Божјо како дете, тој нема да влезе во него.“

18И Го праша еден управник, велејќи: „Учителе добар, што да направам за да наследам живот вечен?“

19А Исус му рече: „Зошто Ме на­ре­куваш добар? Никој не е добар, освен Единиот Бог.

20Ги знаеш заповедите: не прави прељуба, не убивај, не кради, не сведочи лажно, почитувај ги татко си и мајка си.“

21А тој рече: „Сето тоа сум го за­па­зил уште од младоста своја.“

22Штом го слушна тоа, Исус, му рече: „Уште едно само ти недостасува: продај сѐ што имаш и раздај го на сиромаси, и ќе имаш ризница на небото; потоа дојди и врви по Мене!“

23А тој, кога го слушна тоа, многу се нажали, зашто беше многу богат.

24Штом виде дека тој се растажи, Исус рече: „Колку е тешко во царството Божјо да влезат оние што имаат бо­гатство!

25Полесно ѝ е на камила да мине низ иглени уши, отколку богат да влезе во царството Божјо.“

26Оние што го чуја тоа, рекоа: „Тогаш кој може да се спаси?“

27А Тој одговори: „Неможното за лу­ѓето е можно за Бога.“

28Петар, пак, рече: „Ете, ние оставив­ме сѐ и тргнавме по Тебе.“

29Тој им рече: „Вистина ви велам де­ка секој што оставил куќа или ро­ди­те­ли, или браќа, или сестри, или жена, или деца, заради царството Божјо,

30добил многу повеќе од тоа уште се­га, во ова време, а во идниот век — и живот вечен.“

31И кога ги зеде со Себе Дванаесетте, им рече: „Еве, одиме кон Ерусалим и сѐ ќе се исполни, што напишале проро­ци­те за Синот Човечки:

32дека ќе го предадат на незнабошци и ќе се потсмеваат со Него, ќе Го из­ма­чуваат и ќе Го плукаат,

33ќе Го камшикуваат и ќе Го убијат, и на третиот ден ќе воскресне.“

34Но тие ништо од ова не разбраа; овие зборови за нив беа сокриени и тие не сфатија што им кажа.

35А додека се приближуваше Тој до Ерихон, еден слеп човек седеше крај патот и питаше;

36и штом чу дека покрај него минува народ, праша: „Што е тоа?“

37Му кажаа дека минува Исус од На­зарет.

38Тогаш тој извика и рече: „Исусе, Сине Давидов, смилувај ми се!“

39Оние што одеа напред, го опоменаа да молчи; но тој уште погласно викаше: „Сине Давидов, смилувај ми се!“

40Исус застана и заповеда да Му го доведат. И кога оној се приближи до Него, го праша,

41велејќи: „Што сакаш да ти на­пра­вам?“ Тој рече: „Господи, да про­гле­дам!“

42Тогаш Исус му рече: „Прогледај! Верата твоја те спаси.“

43И одеднаш прогледа и тргна по Не­го, славејќи Го Бога. И сиот народ, кога го виде тоа, Му воздаде слава на Бога.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
v>