Лука 2:1-52 MKDB2006 - Bible AI

1Во тоа време излезе заповед од царот Август за попис на сите жи­те­ли.

2Тоа беше прв попис за време на управувањето на Квириниј со Сирија.

3И отидоа сите да се запишат, секој во својот град.

4ⓗПа така и Јосиф, бидејќи беше од Галилеја, од градот Назарет, отиде во Јудеја, во градот Давидов, наречен Вит­леем, бидејќи беше од домот и племето Давидово,

5ⓘза да се запише со Марија, неговата свршеница, која беше тешка.

6А кога беа таму, нејзе ѝ дојде времето да роди.

7ⓙГо роди својот Син првенец, Го пови и Го положи во јасли, зашто за нив не­маше место во гостилницата.

8Во тој крај имаше пастири, кои но­ќеваа таму и го чуваа своето стадо.

9ⓚИ одеднаш им пристапи ангел Господов и славата Господова ги осветли; и се уплашија многу.

10ⓛА ангелот им рече: „Не плашете се! Еве, ви навестувам голема радост, која ќе биде за сите луѓе;

11ⓜзашто денеска ви се роди во градот Давидов Спасител, Кој е Христос Господ.

12ⓝОва ќе ви биде знак: ќе најдете повиен Младенец, кој лежи во јасли.“

13ⓞИ одеднаш со ангелот се јави многубројно небесно воинство, кое Го славеше Бога, велејќи:

14ⓟ„Слава на Бога во висините, а на земјата мир, меѓу луѓето добра волја!“

15Кога си отидоа ангелите од нив на небо, пастирите си рекоа меѓу себе: „Да појдеме во Витлеем и да го видиме претскажаниот настан што ни го соопшти Господ.“

16ⓠИ дојдоа брзо и ги најдоа Марија и Јосиф со Младенецот кој лежеше во јасли.

17А штом го видоа, соопштија за претскажувањето што им беше речено за Тоа Дете.

18И сите што слушаа се восхитуваа на она што им го говореа пастирите.

19ⓡА Марија ги зачува сите тие зборови, сложувајќи ги во срцето свое.

20ⓢИ се вратија пастирите, славејќи Го и фалејќи Го Бога за сѐ она што чуја и видоа, како што им беше речено.

21ⓣА кога се навршија осум дена и Де­тето требаше да Го обрезат, Му дадоа име Исус, како што беше наречено од ангелот уште пред да биде зачнат во ут­робата.

22ⓤИ кога се навршија деновите за нив­ното очистување, според законот на Мојсеј, Го донесоа во Ерусалим за да Го претстават пред Господ,

23ⓥкако што е напишано во Законот Господов дека секое првородено машко дете треба да Му се посвети на Господ;

24ⓦи да се принесе жртва, како што е речено во Законот Господов, две гугутки или две гулапчиња.

25ⓧА во Ерусалим живееше тогаш еден човек по име Симеон; и тој човек, кој беше праведен и благочестив, ја оче­куваше утехата Израелова; и Светиот Дух беше на него.

26ⓨНему Светиот Дух му беше про­ре­кол дека нема да види смрт, додека не Го види Христос Господов.

27И поттикнат од Духот, дојде во храмот. Па, кога родителите Го донесоа детето Исус за да го извршат со Него она што беше вообичаено, според За­ко­нот,

28ⓩтој Го зеде во своите раце, Го бла­гослови Бога и рече:

29ⓐ„Сега го отпушташ Својот слуга во мир, Господаре, според зборот Твој,

30ⓑзашто очите мои го видоа спасение­то Твое

31ⓒшто си го приготвил пред лицето на сите народи;

32ⓓсветлина за просвета на нез­на­бош­ците и слава на Твојот народ, Израел.“

33А Јосиф и мајка Му се восхитуваа на она што зборуваше за Него.

34ⓔПа ги благослови Симеон и ѝ рече на Марија, мајката Негова: „Еве, Овој е поставен за паѓање и издигнување на мнозина во Израел, и е знак против Ко­го ќе се говори.

35ⓕА и тебе самата, меч ќе ти ја прободе душата, за да се откријат мислите на многу срца.“

36ⓖТаму беше и пророчицата Ана, ќер­ката Фануилова, од Асировото племе. Таа беше во поодминати години, а со мажот проживеала само седум години, по моминството свое.

37Таа беше вдовица на околу осумдесет и четири години. Не се оддале­чу­ва­ше од храмот и Му служеше на Бога со пост и молитва, дење и ноќе.

38ⓗВо тој час пристапи и таа и почна да Го слави Господ и им прикажуваше за Него на сите што очекуваа избавување на Ерусалим.

39ⓘИ кога извршија сѐ по Законот Гос­подов, се вратија во Галилеја, во градот свој Назарет.

40ⓙА Детето растеше и крепнеше со ду­хот, исполнувајќи се со мудрост; и благодатта Божја беше врз Него.

41ⓚИ секоја година родителите Негови одеа во Ерусалим на празникот Пасха.

42А кога Тој беше на дванаесет години, тие отидоа во Ерусалим, според оби­чајот за празникот.

43Но, кога се завршија празничните денови, додека се враќаа дома, детето Исус остана во Ерусалим; а Неговите родители не го забележаа тоа.

44Мислејќи дека е Тој меѓу сопатни­ците, изминаа еден ден пат и почнаа да Го бараат меѓу роднините и познатите.

45Па, бидејќи не Го најдоа, се вратија во Ерусалим да Го бараат.

46По три дни Го најдоа во храмот ка­ко седи меѓу учителите, ги слуша и ги прашува;

47ⓛсите што Го слушаа, беа восхитени од Неговата остроумност и од Неговите одговори!

48ⓜКога Го видоа, се зачудија; и Не­го­вата мајка Му рече: „Синко, зошто ни направи така? Ете, татко ти и јас се измачивме, барајќи Те.“

49ⓝА Тој рече: „Што сте Ме барале? Зар не знаете дека Јас треба да бидам во она коешто е на Мојот Татко?“

50Но тие не ги разбраа зборовите што им ги кажа Тој.

51ⓞИ Тој слезе со нив, па дојде во На­зарет и им беше послушен. А мајка Му ги зачува сите тие настани во срцето свое.

52ⓟИсус, пак, напредуваше во мудроста и возраста и во милост кај Бога и кај луѓето.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
>