Лука 24:1-53 MKDB2006 - Bible AI

1ⓗВо првиот ден на седмицата, многу рано, тие дојдоа на гробот, носејќи ги приготвените мириси.

2Но ја најдоа плочата иставена на гробот.

3ⓘИ кога влегоа, не го најдоа телото на Господ Исус.

4ⓙИ додека се чудеа на тоа, одеднаш пред нив застанаа двајца мажи во свет­ли облеки;

5ⓚтие се уплашија од страв и ги наведнаа лицата кон земјата, а овие им рекоа: „Зошто Го барате Живиот меѓу мрт­ви­те?

6ⓛТој не е овде, а воскресна; сетете се како ви рече, додека беше уште во Га­лилеја,

7ⓜговорејќи дека Синот Човечки треба да биде предаден на луѓе грешници и да биде распнат, и на третиот ден да вос­кресне.“

8ⓝИ се сетија на Неговите зборови.

9Па штом се вратија од гробот, им го соопштија сето тоа на единаесетте и на сите други.

10ⓞА тие беа Марија Магдалена, и Јоа­на, и Марија Јаковова заедно со друг­и­те. Тие им го кажаа тоа на апостолите.

11ⓟИ нивните зборови им изгледаа ка­ко лага, и не им поверуваа.

12Но Петар стана и отиде бргу до гробот, па кога се наведна, го виде внатре само повојот. И се врати, чудејќи се сам во себе заради она што се случи­ло.

13Во истиот ден двајца од нив одеа во едно село, по име Емаус, кое беше од­далечено од Ерусалим шеесет стадии[13].

14И зборуваа меѓу себе за сите овие настани.

15ⓠИ додека расправаа и разговараа еден со друг, Самиот Исус се приближи и одеше со нив;

16ⓡно очите им се замрежија за да не Го познаат.

17А Тој им рече: „Какви се тие збо­ро­ви што ги разменувате меѓу себе одејќи и зошто сте нажалени?“

18Едниот од нив, по име Клеопа, Му одговори и рече: „Единствен туѓинец ли си ти во Ерусалим, та не си разбрал што се случи во него овие дни?“

19ⓢИ го праша: „Што?“ Тие Му одгово­рија: „Она што се случи со Исус од На­зарет, Кој беше пророк, силен на дело и на слово, пред Бога и пред сиот народ;

20дека нашите првосвештеници и управници Го предадоа да биде осуден на смрт и Го распнаа;

21ⓣа ние се надевавме дека е Тој Оној што треба да го избави Израел; но и по­крај сето тоа, денес е веќе трет ден, от­како се случи ова.

22ⓤА и некои жени од нашите нѐ запрепастија; тие биле рано на гробот,

23ⓥи не го нашле телото Негово; и кога се вратија, рекоа дека им се јавиле ан­ге­ли и дека им кажале дека е Тој жив.

24ⓦОтидоа на гробот и некои од на­шите и го најдоа истото она, како што рекоа жените; но Него не Го виделе.“

25Тогаш им рече: „О, безумни! Ср­це­то ви е споро за да поверувате во сѐ што рекле пророците!

26ⓧНе требаше ли така да пострада Христос и да влезе во Својата слава?“

27ⓨПа, како почна од Мојсеј и од сите пророци, им зборуваше што е кажано за Него во целото Писмо.

28ⓩИ тие се приближија до селото во кое одеа; а Тој се направи како да сака да продолжи.

29ⓐНо тие Го задржаа, велејќи: „Ос­та­ни со нас, зашто денот одмина и наскоро ќе се стемни!“ Тој влезе и остана со нив.

30ⓑА кога седеше со нив на трпеза, зе­де леб, го благослови, го прекрши и им подаде.

31Тогаш им се отворија очите и тие Го познаа; но Тој стана невидлив за нив.

32ⓒИ си рекоа еден на друг: „Зар не го­реа срцата наши, кога ни зборуваше по патот и кога ни го објаснуваше Пис­мо­то?“

33Па во истиот час станаа, се вратија во Ерусалим и ги најдоа собрани Еди­на­есетте и оние кои беа со нив,

34ⓓкаде што говореа дека Господ на­вис­тина воскреснал и му се јавил на Си­мон.

35ⓔИ тие кажаа за она што им се случи по патот и како Го познаа, кога го пре­кршувал лебот.

36ⓕДодека тие уште зборуваа за тоа, Самиот Исус застана сред нив и им ре­че: „Мир вам!“

37ⓖА тие, така збунети и уплашени, помислија дека гледаат дух.

38Но Тој им рече: „Што се плашите и зошто такви мисли влегуваат во срцата ваши?

39Видете ги рацете Мои и нозете Мои: Јас сум Истиот; допрете се до Ме­не и гледајте; зашто духот нема тело и коски, а, како што гледате, Јас имам.“

40А кога го рече тоа, им ги покажа рацете и нозете.

41Но, додека тие од радост уште не веруваа и се чудеа, Тој им рече: „Имате ли овде нешто за јадење?“

42Тие Му дадоа парче печена риба и мед со саќе.

43И кога зеде, јадеше пред нив.

44Па им рече: „Ете, тоа е она за што ви зборував уште додека бев со вас, зашто треба да се исполни сѐ што е напишано за Мене во Законот Мојсеев и кај Пророците, и во Псалмите.“

45Тогаш им го отвори умот за да ги разбираат Писмата,

46и им рече: „Така е напишано и така требаше да пострада Христос и да воскресне од мртвите на третиот ден,

47и да биде проповедано во Негово име покајание и проштавање на гре­во­вите кај сите народи, почнувајќи од Ерусалим;

48а вие сте сведоци за ова.

49И ете, Јас ќе го испратам врз вас ве­тувањето од Мојот Отец; а вие останете во градот Ерусалим, додека не се об­ле­чете во сила одозгора.“

50И ги изведе надвор до Витанија, па кога ги подигна рацете, ги благослови.

51И додека ги благословуваше, се од­дели од нив и се вознесе на небото;

52тие Му се поклонија и се вратија во Ерусалим со голема радост.

53И беа постојано во храмот, каде што Го прославуваа и благословуваа Бога.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
v>