Лука 9:1-62 MKDB2006 - Bible AI

1Откако ги повика Дванаесетмината, им даде сила и власт над сите не­чисти духови, и да лекуваат болести.

2И потоа ги прати да го проповедаат царството Божјо и да лекуваат болни.

3И им рече: „Не земајте ништо за по пат: ни стап, ни торба, ни леб, ни сребро, ниту по две облеки да имате!

4Но, во која куќа ќе влезете, тука ос­танувајте, и оттаму тргнувајте на пат.

5А, ако некои не ве примат, излегувајќи од тој град, истресете го и правот од нозете свои, за сведоштво против нив.“

6А кога излегоа, тие одеа по селата проповедајќи го Евангелието и лекувај­ќи насекаде.

7Кога слушна Ирод четворовласни­кот што Тој прави, беше збунет, зашто некои велеа дека Јован воскреснал од мртвите;

8други, пак, дека се јавил Илија, а не­кои — дека се дигнал еден од старите пророци.

9И рече Ирод: „На Јован јас му ја от­секов главата; но кој ќе е Овој, за Кого што слушам толку?“ И сакаше да Го види.

10А апостолите, кога се вратија, Му раскажаа што направиле. Тогаш ги зе­де, отиде насамо во пусто место до гра­дот, што се викаше Витсаида.

11Но народот штом разбра — тргна по Него. И кога ги прими, им зборуваше за царството Божјо, и ги лекуваше оние што имаа потреба од лекување.

12А денот почна да намалува. И се приближија до Него Дванаесетмината и Му рекоа: „Отпушти го народот да оди по околните села и колиби на ноќевање и да си најде храна; зашто овде сме во пусто место.“

13Но Тој им рече: „Дајте им вие да ја­дат!“ Тие одговорија: „Ние немаме по­веќе од пет леба и две риби, освен ако отидеме и купиме храна за сите овие луѓе.“

14А луѓето беа околу пет илјади. Но Тој им рече на учениците Свои: „Кажете им да поседнат во групи по педесет.“

15И направија така, и ги поредија си­те.

16А Тој, кога ги зеде петте леба и две­те риби, погледна кон небото, ги бла­гос­лови, ги раскрши и им ги даде на уче­ни­ците за да ги стават пред народот.

17И јадеа, и се наситија сите; и кренаа од останатите парчиња дванаесет ко­ше­ви.

18Еднаш, кога Исус се молеше сам, а само учениците Негови беа со Него, Тој ги праша: „За кого Ме смета народот?“

19Тие одговорија и рекоа: „Едни за Јован Крстител, други за Илија, а не­кои, пак, дека воскреснал еден од ста­ри­те пророци.“

20Тој им рече: „А вие, за кого Ме сме­тате?“ Петар одговори и рече: „За Христос Божји.“

21И Тој строго им заповеда никому да не кажуваат за тоа,

22велејќи дека Синот Човечки треба да пострада многу, да биде отфрлен од старешините, првосвештениците и книж­ниците и дека ќе биде убиен, и де­ка на третиот ден ќе воскресне.

23А на сите им зборуваше: „Ако некој сака да оди по Мене, нека се одрече од себе самиот, нека го земе крстот свој и секој ден нека Ме следи!

24Зашто, кој сака да го спаси животот свој, ќе го загуби; а кој ќе го загуби жи­вотот свој заради Мене, тој ќе го спаси.

25Зашто, каква му е ползата на чо­ве­ка, ако го добие целиот свет, а себе са­миот се изгуби или си направи штета?

26Бидејќи, кој се срами од Мене и од зборовите Мои, од него ќе се засрами и Синот Човечки, кога ќе дојде во славата Своја, и на Отецот и на светите ан­ге­ли.

27Вистина ви велам: овде стојат некои што не ќе вкусат смрт, сѐ додека не го видат царството Божјо.“

28На осум дена по овие зборови, ги зе­де со Себе Петар, Јован и Јаков, и се ис­качи на гората да се помоли.

29И додека се молеше, изгледот на лицето Негово се промени, а облеката Му стана бела и светла.

30И ете, двајца луѓе разговараа со Не­го; а тие беа Мојсеј и Илија.

31Па, кога се појавија во слава, тие зборуваа за Неговото заминување, кое требаше да заврши во Ерусалим.

32А Петар и неговите другари ги бе­ше совладал сон; но штом се разбудија, ја видоа славата Негова, и двајцата што стоеја со Него.

33И кога се разделуваа од Него, Пе­тар без да знае што зборува, Му рече на Исус: „Учителе, добро е да останеме ов­де; да направиме три колиби: за Тебе една, за Мојсеј една, и за Илија една!“

34Додека го велеше тоа, се појави об­лак и фрли сенка врз нив; и се уплашија штом влегоа во облакот.

35И дојде глас од облакот, кој велеше: „Овој е Мојот возљубен Син; Него по­слушајте Го!“

36А кога се чу тој глас, Исус беше останал сам. И тие премолчаа и никому ништо не кажаа во тоа време за она што беа виделе.

37А на другиот ден, додека се симнуваа од гората, Му доаѓаше во пресрет многу народ.

38И ете, некој од народот извика: „Учителе, Ти се молам, погледни на мо­јот син, зашто ми е единец!

39Духот одненадеж го зграпчува и ете, тој почнува силно да вриска. Го растргнува толку силно, што тој сиот се запенува, и откако многу ќе го измачи, одвај го пушта.

40Ги помолив учениците Твои да го истераат, но тие не можеа.“

41Одговори Исус и рече: „О, роде не­верен и развратен! До кога ќе бидам со вас и до кога ќе ве трпам? Доведи го си­нот твој тука!“

42И додека тој уште приоѓаше, злиот дух го кутна и почна да го тресе. Но Исус му заповеда на нечистиот дух и го излекува момчето и го предаде на татко му.

43И сите беа вчудовидени од Божјото величие. И додека сите се восхитуваа на сѐ што правеше Исус, Тој им рече на учениците Свои:

44„Запамтете ги во ушите свои овие зборови: ‚Синот Човечки ќе биде пре­да­ден во рацете на луѓето.‘“

45Но тие не го разбраа овој говор, зашто беше прикриен од нив за да не го разберат, а се плашеа да Го прашаат за неговото значење.

46И им дојде мисла: кој од нив е најголем.

47А Исус, знаејќи ја мислата на нив­ните срца, зеде едно дете и го постави пред Себе,

48па им рече: „Кој го прима ова дете во Мое име, Мене Ме прима; а кој Ме прима Мене, го прима Оној што Ме пратил; зашто кој е најмал меѓу вас, тој ќе биде најголем.“

49Проговори Јован и рече: „Учителе, видовме еден човек, кој во Твое име ис­терува демони, па му забранивме, би­деј­ќи не оди со нас.“

50Исус му рече: „Не забранувајте му! Зашто, кој не е против вас, тој е со вас.“

51А кога се навршуваа деновите на Неговото воздигнување, Тој одлучи да тргне на пат за Ерусалим;

52и испрати пред себе гласници; тие отидоа и влегоа во едно самарјанско се­ло да подготват (преноќиште) за Него.

53Но не Го примија, зашто имаше из­глед на патник што оди во Ерусалим.

54Кога го видоа тоа учениците Не­го­ви, Јаков и Јован, рекоа: „Господи, са­каш ли да кажеме да падне оган од не­бото и да ги истреби, како што направи и Илија?“

55Но Тој се сврте кон нив и ги укори.[5]

56Потоа отидоа во друго село.

57А додека тие патуваа, некој Му ре­че: „Господи, ќе врвам по Тебе каде и да одиш.“

58Исус му рече: „Лисиците имаат лег­ла и птиците небески гнезда, а Синот Човечки нема каде глава да засолни.“

59На друг, пак, му рече: „Врви по Мене!“ А тој одговори: „Господи, допушти најнапред да отидам да го погребам татко ми!“

60Но Исус му рече: „Остави ги мрт­ви­те да ги закопуваат своите мртовци, а ти оди и разгласувај го царството Бож­јо!“

61Потоа некој друг Му рече: „Гос­по­ди, ќе одам по Тебе, но дозволи ми нај­нап­ред да се простам со своите домаш­ни.“

62Исус, пак, му рече: „Никој, што ја ставил раката своја на ралото и погледува назад, не е достоен за царството Божјо.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
>