Марко 1:1-45 MKDB2006 - Bible AI

1Почеток од Евангелието на Исус Христос, Син Божји.

2Како што е напишано кај проро­к Исаија: „Еве, Јас го испраќам пред ли­цето Твое Мојот ангел, кој ќе го при­готви Твојот пат пред Тебе:

3‚Гласот на оној, што вика во пустината: пригответе го патот на Господ, из­рамнете ги патеките Негови.‘“

4Се јави Јован, крштавајќи во пустината и проповедајќи покајно крштавање за проштавање на гревовите.

5И доаѓаа кај него од целата Јудејска страна и од Ерусалим, и тој ги крш­та­ва­ше сите во реката Јордан, а тие ги ис­по­ведаа своите гревови.

6А Јован носеше облека од камилски влакна и појас од кожа околу половината своја, и се хранеше со скакулци и див мед.

7Тој проповедаше, велејќи: „По мене иде Посилниот од мене, на Кого не сум достоен да се наведнам и да Му ги од­вр­зам ремењата од обувките Негови.

8Јас ве крстив со вода, а Тој ќе ве крс­ти со Дух Свети.“

9А во оние дни дојде Исус од Назарет Галилејски и се крсти од Јован во Јор­дан.

10И кога излегуваше од водата, вед­наш виде како се отвораат небесата, и Духот, во вид на гулаб, како слегува над Него.

11И се чу глас од небесата: „Ти си Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја.“

12Веднаш потоа Духот Го изведе во пустината.

13И беше таму, во пустината, че­ти­ри­е­сет дни искушуван од сатаната; беше со ѕверови и ангелите Му служеа.

14А потоа, откако Јован беше зат­во­рен, дојде Исус во Галилеја и ја про­по­ведаше радосната вест за царството Божјо,

15и велеше: „Времето се исполни и царството Божјо наближи; покајте се и верувајте во Евангелието.“

16И, одејќи покрај Галилејското Мо­ре, Исус го виде Симон и брат му Ан­дреј како фрлаат мрежа во морето, зашто беа рибари.

17Исус им рече: „Врвете по Мене и Јас ќе ве направам ловци на луѓе!“

18И тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него.

19Па, штом одмина малку, го виде Ја­ков Заведеев и брат му Јован, исто така во кораб како ги крпат мрежите свои;

20веднаш ги повика и нив. И тие, ос­тавајќи го татка си Заведеј во коработ со наемниците, тргнаа по Него.

21И дојдоа во Капернаум; и веднаш во саботата Тој влезе во синагогата и поу­чуваше.

22И се чудеа на Неговата наука, заш­то Тој ги учеше како Оној што има власт, а не како книжниците.

23Имаше во синагогата нивна човек со нечист дух, и извика, говорејќи:

24„Што имаш Ти со нас, Исусе од На­зарет! Си дошол ли да нѐ погубиш? Те знам Кој си Ти, Светец Божји!“

25Но Исус му заповеда, велејќи: „Молкни и излези од него!“

26Тогаш го стресе нечистиот дух, па извика со силен глас и излезе од него.

27И сите се стресоа од ужас, така што еден со друг се прашуваа и велеа: „Што е ова!? Ново учење со власт; Тој и на нечистите духови им заповеда, и тие Му се покоруваат!“

28И одеднаш се разнесе глас за Него по целиот Галилејски крај.

29Штом излегоа од синагогата, дојдоа со Јаков и Јован во куќата на Симон и Андреј.

30А тештата на Симон лежеше од треска; и веднаш Му јавија за неа.

31Тој пристапи, ја фати за рака и ја подигна; и треската веднаш ја остави; и таа стана и ги служеше.

32А приквечер, кога заоѓаше сонцето, кај Него донесуваа секакви болни и бесомачни.

33И целиот град се беше собрал пред портата.

34И излекува мнозина што страдаа од разни болести; истера многу демони и не им дозволуваше на демоните да зборуваат, зашто Го знаеја.

35А утредента, во темни зори, стана, излезе и отиде на пусто место и таму се молеше.

36А Симон, и оние што беа со Него, тргнаа да Го бараат;

37па, кога Го најдоа, Му рекоа: „Сите Те бараат!“

38А Тој им рече: „Да појдеме до блис­ките села и градови, и таму да про­по­ве­дам, зашто затоа сум дошол.“

39И проповедаше во нивните синагоги.

40И дојде кај Него еден лепрозен, па, молејќи Го, падна пред Него и Му рече: „Ако сакаш, можеш да ме очистиш.“

41Смилувајќи се, Исус протегна рака, се допре до него и му рече: „Сакам! Очисти се!“

42И штом го рече тоа, се изгуби лепрата од него, и тој стана чист;

43откако му за­по­веда, го отпушти,

44и му рече: „Гледај, никому ништо да не кажуваш; но оди, покажи му се на свештеникот и принеси дар за очистува­ње, како што заповедал Мојсеј — ним за сведоштво.“

45А тој, штом излезе, почна да рас­ка­жува многу и да разгласува, така што Исус не можеше јавно да влезе во гра­дот, а се задржуваше надвор, во оса­ме­ни места. И доаѓаа кај Него отсекаде.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
v>