Марко 10:1-52 MKDB2006 - Bible AI

1И откако стана Исус оттаму, преми­на во пределите Јудејски, пре­ку страната што е отаде Јордан. И пак се слеваше народ кон Него; а Тој, по Својот обичај, ги поучуваше.

2И пристапија фарисеите и Го пра­шаа, искушувајќи Го: „Допуштено ли е, да ја остави човек својата жена?“

3А Тој им одговори и рече: „Како ви заповеда Мојсеј?“

4Тие рекоа: „Мојсеј дозволи да се на­пише разводно писмо и да се отпушти.“

5Одговори Исус и им рече: „Поради вашето жестоко срце ви ја напишал таа заповед.

6Во почетокот на создавањето, пак, Бог ги создаде машко и женско.

7Затоа човек ќе го остави татка си и мајка си, ќе се прилепи до жената своја

8и обата ќе бидат во едно тело; и та­ка, тие веќе не се двајца, туку едно те­ло.

9Значи, тоа што Бог го сврзал, човек да не го разделува.“

10И во домот, учениците Негови пак Го прашаа за тоа.

11И им рече: „Кој ќе ја напушти својата жена и се ожени со друга, тој прељубодејствува кон неа;

12а и жена, ако го напушти својот маж и се омажи за друг, прељубодеј­ствува.“

13И донесуваа кај Него деца, за да се допре до нив, но учениците им забрануваа (на оние што ги носеа).

14И кога го виде тоа Исус, негодува­ше и рече: „Оставете ги децата да доа­ѓа­ат кај Мене и не пречете им, зашто на такви е царството Божјо.

15Вистина ви велам, кој не го прима царството Божјо како дете, тој нема да влезе во него.“

16Прегрнувајќи ги, ги положи рацете врз нив и ги благословуваше.

17А кога излегуваше на пат, дотрча некој, падна на колена пред Него и Го праша: „Учителе добар, што треба да направам, за да наследам живот вечен?“

18Исус му рече: „Зошто ме нарекуваш добар? Никој не е добар, освен еди­ниот Бог!

19Заповедите ги знаеш: не прељубо­деј­ствувај; не кради; не сведочи лажно; не навредувај; почитувај ги татка си и мај­ка си.“

20А тој Му одговори и рече: „Учи­те­ле, сето тоа сум го запазил уште од младоста своја.“

21Кога го погледна Исус, му омиле, па рече: „Уште една работа ти недостасува: оди и продај сѐ што имаш, раздај го на сиромаси и ќе имаш богатство на небото; па дојди и врви по Мене.“

22Кога ги чу овие зборови, тој се из­ненади и си отиде нажален, зашто има­ше големо богатство.

23И кога погледа Исус, им рече на учениците Свои: „Колку е тешко за бо­гатите да влезат во царството Божјо!“

24А учениците се уплашија од збо­ровите Негови. Но Исус пак им одгово­ри и рече: „Чеда, колку им е тешко на оние, што се надеваат на богатството, да влезат во царството Божјо!

25Полесно камила ќе влезе низ игле­ни уши, отколку богат човек во цар­ството Божјо.“

26А тие се чудеа многу и си велеа ме­ѓу себе: „Тогаш, кој може да се спаси?“

27Кога ги погледа Исус, им рече: „За луѓето тоа не е можно, но не и за Бога; зашто за Бога сѐ е можно!“

28И Петар почна да Му говори: „Ете, ние оставивме сѐ и по Тебе одиме.“

29А Исус одговори и рече: „Вистина ви велам: нема таков што оставил куќа, или браќа, или сестри, или татко, или мајка, или жена, или деца, или имот, заради Мене и Евангелието,

30а да не примил, и тоа сега, во ова време, стопати повеќе од куќи, и браќа, и сестри, и татко, и мајка, и деца, и нив­је, а во идниот век — и живот вечен.

31И мнозина први ќе бидат последни, а последните — први.“

32Кога беа на пат, искачувајќи се кон Ерусалим, Исус одеше пред нив, а тие беа вџашени, па, врвејќи по Него, се исплашија. И кога ги повика повторно дванаесетте, почна да им зборува за она што ќе се случи со Него.

33„Ете, се искачуваме кон Ерусалим и Синот Човечки ќе биде предаден на првосвештениците и книжниците, и ќе Го осудат на смрт и ќе Го предадат на незнабошците.

34И ќе Го исмеат, и ќе Го бијат, и ќе Го плукаат, и ќе го убијат, и на третиот ден ќе воскресне.“

35Тогаш пристапија кон Него За­ве­де­евите синови, Јаков и Јован и рекоа: „Учителе, сакаме да ни го исполниш она, што ќе го побараме.“

36Тој ги праша: „Што сакате да сто­рам за вас?“

37А тие Му одговорија: „Дај ни да седнеме до Тебе, едниот оддесно, а дру­ги­от одлево, во славата Твоја.“

38Но Тој им рече: „Не знаете што ба­рате! Можете ли да ја испиете чашата што ја пијам Јас и да се крстите со крш­тавањето, со кое се крштавам Јас?“

39Тие одговорија: „Можеме.“ А Исус им рече: „Чашата, што ја пијам Јас, ќе ја пиете и вие, и со крштавањето, со кое се крштавам Јас, ќе се крстите;

40но, да дозволам да се седи од Мојата десна или лева страна, не зависи од Ме­не; тоа е за оние, за кои е приготвено.“

41Десетте, пак, штом го чуја тоа, не­годуваа против Јаков и Јован.

42Исус, кога ги повика, им рече: „Зна­е­те дека оние, што се сметаат за народни кнезови, господарат над нив, и управниците управуваат над нив.

43Но меѓу вас нека не биде така; а кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга;

44и кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви биде роб на сите.

45Зашто и Синот Човечки не дојде за да Му служат, но да послужи и да го да­де животот Свој за откуп на мнозина.“

46Потоа пристигнаа во Ерихон. И ко­га излегуваше Исус од Ерихон со уче­ниците Свои и со многу народ, Ти­ме­е­виот син, Вартимеј[4], кој беше слеп, се­деше покрај патот и просеше.

47Па, кога чу дека е тоа Исус од На­зарет, почна да вика и да вели: „Исусе, сине Давидов, смилувај ми се!“

48И мнозина му велеа да молчи, но тој уште повеќе викаше: „Сине Да­ви­дов, смилувај ми се!“

49Исус застана и рече да го викнат. И го повикаа слепиот, говорејќи му: „Не плаши се, стани, те вика!“

50Тој, кога ја фрли горната облека, стана и отиде кај Исус.

51А Исус, одговарајќи му, го за­пра­ша: „Што сакаш да сторам за тебе?“ Слепиот Му рече: „Да прогледам, Учи­теле!“

52Исус му рече: „Оди си, верата твоја те спаси!“ И тој веднаш прогледа, па тргна патем по Исус.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>