Марко 15:1-47 MKDB2006 - Bible AI

1ⓦИ веднаш утредента првосвештениците, со старешините и книжниците, и целиот Синедрион, одр­жаа состанок, па Го врзаа Исус, Го од­ведоа и Го предадоа на Пилат.

2ⓧА Пилат Го праша: „Ти ли си Царот Јудејски?“ Тој одговори и рече: „Ти ве­лиш.“

3И првосвештениците Го обвинуваа многу. Но, Тој не одговори ништо.

4А Пилат пак Го праша и рече: „Ништо ли не одговараш? Гледаш кол­ку многу сведочат против Тебе!“

5ⓨНо Исус ништо веќе не одговори, така што Пилат се чудеше.

6А на секој празник им ослободуваше по еден осуденик, кого што ќе го по­ба­раа.

7ⓩИ имаше еден човек, по име Варава, во окови заедно со прид­руж­ни­ците, што во една буна извршиле убиство.

8И кога извика народот, почна да го моли Пилат да им го направи она, што го правел секогаш.

9А тој им одговори и рече: „Сакате ли да ви Го пуштам Јудејскиот Цар?“

10Зашто знаеше дека прво­свеш­те­ни­ците Го беа предале од завист.

11ⓐНо првосвештениците го наговорија народот да бара да им го пушти Ва­ра­ва.

12Пилат, пак, им одговори и рече: „Што сакате да направам со Оној, што Го именувавте Цар Јудејски?“

13ⓑТие одново извикаа, велејќи: „Распни Го!“

14ⓒПилат им рече: „Какво зло напра­ви­л?“ Но тие уште посилно извикаа: „Распни Го!“

15ⓓТогаш Пилат, сакајќи да му угоди на народот, им го пушти Варава, а Исус Го камшикуваше и Го предаде да Го распнат.

16Војниците, пак, Го одведоа внатре во дворот, односно во преторијата, и по­викаа цела чета,

17ⓔпа Му облекоа багреница, и откако сплетоа трнов венец, Му го кладоа на главата;

18ⓕи почнаа да Го поздравуваат: „Те поздравуваме, Царе Јудејски!“

19ⓖИ Го удираа по главата со трска и плукаа на Него, Му се поклонуваа, па­ѓајќи на колена.

20А кога Го исмеаја, Му ја соблекоа багреницата, Му ја облекоа Неговата облека и Го поведоа да Го распнат.

21ⓗИ го натераа некој си Симон Кири­неец, таткото на Александар и на Руф, кој се враќаше од поле, да Му го носи крстот.

22ⓘПа Го одведоа на местото Голгота, што значи: место на черепи.

23ⓙИ Му дадоа да пие вино со смирна, но Тој не зеде.

24ⓚТие што Го распнаа, ги разделија алиштата Негови, фрлајќи ждрепка кој што да земе.

25ⓛБеше третиот[5] час, и Го распнаа.

26И имаше натпис за вината Негова: „Цар Јудејски.“

27ⓜА со Него распнаа и два разбојника, едниот од десната Негова страна, а другиот од левата.

28ⓝ(И се исполни Писмото, кое вели: „И меѓу грешници Го ставија.“)

29ⓞА минувачите, вртејќи глава, Го хулеа и велеа: „Аха! Ти, што го уриваш храмот и за три дни го соѕидуваш,

30спаси се Себеси и слези од крстот!“

31Исто така и првосвештениците со книжниците Му се смееја и велеа: „Другите ги спасуваше, а Себе не може да се спаси!

32ⓟХристос, Царот израелски, нека слезе сега од крстот, па да видиме и да поверуваме!“ Го хулеа и распнатите со Него.

33ⓠА во шестиот час[6] настана темнина по целата земја, до деветтиот час.

34ⓡИ во деветтиот час Исус извика гласно велејќи: „Елои, Елои, Лама са­вахтани?“ А тоа значи: „Боже Мој, Бо­же Мој, зошто Ме остави?“

35ⓢНекои од оние, што стоеја таму, штом го чуја тоа, рекоа: „Ете, го вика Илија!“

36ⓣА еден отрча, натопи сунѓер во оцет, па како го закачи на трска, Му да­ваше да пие, велејќи: „Почекајте да ви­диме, ќе дојде ли Илија да Го симне.“

37А Исус, пак, испуштајќи висок глас, издивна.

38ⓤИ завесата на храмот се расцепи на две, одозгора додолу.

39ⓥА стотникот, што стоеше спроти Него, кога виде дека Тој, откако извика така и издивна, рече: „Навистина Овој Човек бил Син Божји!“

40ⓦИмаше и жени што гледаа одда­ле­ку; меѓу нив беше и Марија Магдалена, и Марија, мајката на малиот Јаков и на Јосија, и Саломија,

41кои и тогаш, кога Тој беше во Гали­леја, врвеа по Него и Му служеа, и мно­гу други што беа дошле со Него во Еру­салим.

42ⓧА кога се стемни веќе, бидејќи беше петок, односно ден спроти сабота,

43ⓨдојде Јосиф од Ариматеја, прочуен член на советот, кој и сам го очекуваше царството Божјо, се осмели да влезе кај Пилат и го замоли за телото Исусово.

44Пилат се зачуди дека Тој веќе ум­рел; и кога го извика стотникот, го пра­ша дали одамна умрел.

45Па штом дозна од стотникот, му го даде телото на Јосиф.

46ⓩА Јосиф купи платно, Го симна и Го обви во плаштаница и Го положи во гроб, што беше издлабен во карпа и на­вали камен на гробната врата.

47ⓐА Марија Магдалена и Марија Јо­сиева гледаа каде Го полагаат.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>