Марко 3:1-35 MKDB2006 - Bible AI

1И влезе пак во синагогата, а таму имаше еден човек со исушена рака.

2И пазеа на Него, дали ќе го исцели во саботен ден, за да Го обвинат.

3А Тој му рече на човекот со ису­ше­ната рака: „Застани насреде!“

4ⓒНим, пак, им кажа: „Во сабота доз­во­лено ли е да прави човек добро или зло; да спаси една душа или да ја погуби?“

5ⓓПа, кога ги изгледа со гнев, зашто Му беше тешко поради нивните ска­ме­нети срца, му рече на човекот: „Про­тегни ја раката своја!“ Тој ја протегна и таа му стана здрава, како и другата.

6ⓔФарисеите, штом излегоа, веднаш се собраа со Иродовците на совет против Него, како да Го погубат.

7ⓕИсус, пак, отиде со Своите ученици кон морето и по Него одеше многу на­род од Галилеја и од Јудеја,

8од Ерусалим и од Идумеја и отаде Јордан. Па и од Тир и Сидон, откако чу­ја какви дела врши, во голем број дојдоа кај Него.

9ⓖИ им порача на учениците Свои да Му приготват кораб, поради народот, за да не Го туркаат;

10ⓗзашто мнозина беше излекувал, така што сите, кои беа болни, навалуваа кон Него за да се доближат до Него.

11ⓘИ нечистите духови, штом ќе Го ви­деа, паѓаа пред Него, викаа и говореа: „Ти си Син Божји!“

12ⓙНо Тој строго им забрануваше да разгласуваат за Него.

13ⓚПотоа се искачи на гората и ги по­вика кај Себе оние, кои Сам ги одбра и тие дојдоа кај Него.

14ⓛИзбра дванаесетмина кои ги нарече апостоли да бидат со Него и да ги праќа да проповедаат;

15ⓜи да имаат власт да лекуваат бо­лес­ти и да изгонуваат демони:

16ⓝпрвиот Симон, кого го нарече Пе­тар;

17ⓞпа Јаков Заведеев и брат му Јован, на кои им даде име Воанергес, што зна­чи, синови на громот;

18ⓟпотоа Андреј, Филип, Вартоломеј, Матеј, Тома, Јаков Алфеев, Тадеј, Симон Хананеецот

19ⓠи Јуда Искариот, кој и Го предаде.

20ⓡИ дојдоа в куќи; и пак се собра на­род, така што тие не можеа ни леб да јадат.

21ⓢИ кога чуја Неговите, отидоа да Го приберат, зашто се говореше дека не бил на Себеси.

22ⓣА книжниците, што беа слегнале од Ерусалим, велеа дека во Него е Вел­зе­вул[1] и дека демоните ги истерува со силата на заповедникот на демоните.

23ⓤИ кога ги повика, им говореше во параболи: „Како може сатаната да из­го­нува сатана?

24Ако едно царство се раздели на де­лови, еден против друг, тоа царство не може да се одржи;

25и, ако еден дом се раздели на де­ло­ви, еден против друг, тој дом не може да опстане;

26ако и сатаната се дигнал против се­беси, и се разделил, не ќе може да се од­ржи, но му дошол крајот.

27ⓥНикој не може, кога ќе влезе во ку­ќата на силен човек, да му ја ограби по­куќнината, ако најнапред не го врзе силниот; и тогаш ќе му ја земе по­куќ­нината.

28ⓦВистина, ви велам: на човечките си­нови ќе им се простат сите гревови и хули, какви и да бидат тие;

29ⓧно, кој похули на Светиот Дух, нему нема да му се прости никогаш, а ќе биде виновен пред вечниот суд.“

30ⓨЗашто велеа: „Нечист дух има во Него.“

31ⓩИ дојдоа мајка Му и браќата Не­го­ви, па, стоејќи надвор, порачаа да Го викнат.

32ⓐА околу Него седеше народ, и Му рекоа: „Ете, мајка Ти и браќата Твои, и сес­трите Твои, надвор се и Те бараат.“

33А Тој им одговори, велејќи: „Која е Мојата мајка и кои се браќата Мои?“

34Па, упатувајќи поглед кон оние што седеа околу Него, рече: „Еве ги Мојата мајка и Моите браќа.

35ⓑЗашто оној, кој ја исполнува волјата Божја, тој Ми е брат, и сестра, и мајка!“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
v>