Марко 4:1-41 MKDB2006 - Bible AI

1И пак почна да поучува покрај морето; и се собра околу Него многу народ; Тој влезе тогаш во кораб во мо­рето и седеше, а сиот народ стоеше на суво, покрај морето.

2И ги поучуваше многу со параболи, и во поуките Свои им велеше:

3„Слушајте! Ете излезе еден сејач да сее;

4и се случи, кога сееше, едни зрна да паднат покрај патот, па долетаа пти­ци­те небески и ги исколваа.

5Други паднаа на каменито место, ка­де што немаше многу земја, и набргу изникнаа, зашто земјата не беше длабока;

6а кога изгреа сонцето, тие свенаа, па бидејќи немаа корен, се исушија.

7Некои паднаа на трње; и израсна тр­њето, ги задуши и не дадоа плод.

8А други паднаа на добра земја и поч­наа да даваат плод, што израсна и узреа; и принесоа: кое триесет, кое шеесет, кое сто.“

9И им рече: „Кој има уши да слуша, нека чуе!“

10А кога остана Сам, оние што беа околу Него, заедно со дванаесетте, Го прашаа за параболата.

11И им кажа: „Вам ви е дадено да ја знаете тајната на царството Божјо, а на оние, надворешните, сѐ ќе им се кажува во параболи,

12за да гледаат со очи и да не видат; да слушаат со уши и да не разбираат; зашто се плашат да не се обратат некогаш, па да им се простат гревовите.“

13И им рече: „Зар не ја разбирате оваа парабола? Како тогаш ќе ги разберете сите параболи?

14Сејачот го сее словото.

15Посеаното покрај патот ги означува оние, кај кои се сее словото, но кај кои, откако ќе го чујат, веднаш доаѓа сата­ната и им го грабе словото, посеано во срцата нивни.

16Исто така и посеаното на каменито место ги означува оние, кои, штом го чујат словото, веднаш со радост го примаат,

17но немаат во себе корен и се непостојани; па, кога ќе настане жалост или гонење заради словото, веднаш се соб­лазнуваат.

18Посеаното во трње ги означува оние што го слушаат словото,

19но грижите за овој век, примам­ли­во­то богатство и други желби, кои, кога ќе се вселат во нив, го задушуваат сло­вото и тоа останува бесплодно.

20А посеаните зрна на добра земја се оние, што го слушаат словото и го примаат и донесуваат плод: едни триесет, други шеесет, а други сто.“

21И им рече: „Зар се внесува светило за да се стави под поклопец или под кревет? Не затоа ли, да се стави на свеќник?

22Зашто нема ништо тајно, што не ќе стане јавно; ниту пак, нешто сокриено, што нема да излезе на видело.

23Ако некој има уши да слуша, нека чуе!“

24И им велеше: „Внимавајте на она што слушате: со каква мерка мерите, со таква ќе ви се мери, и ќе ви се придода­де.

25Зашто, кој има, нему ќе му се даде; а кој нема, од него ќе се одземе и она што го има.“

26Па рече: „Царството Божјо прилега на човек што фрлил семе в земја,

27па спие, и станува ноќе и дење; а ка­ко никнува и како расте семето, тој не знае.

28Зашто земјата сама од себе донесува плод, најнапред стебленце, па клас, а потоа и полно зрно во класот.

29А кога ќе узрее плодот, веднаш ис­праќа срп, зашто дошло времето за жетва.“

30Пак продолжи: „Со што да го спо­редиме царството Божјо или со каква парабола да го прикажеме?

31Тоа е како синапово зрно, кое, кога се сее в земја, е помало од сите земни семиња;

32а кога ќе се посее, израснува и ста­нува поголемо од сите грмушки, и пуш­та големи гранки, така што под неговата сенка можат да се засолнуваат пти­ците небески.“

33И со многу такви параболи им го проповедаше словото, колку што мо­жеа да слушаат.

34И без параболи не им говореше, а на учениците Свои насамо сѐ им објаснуваше.

35Тој ден вечерта им рече: „Да ми­не­ме на спротивната страна!“

36И кога го отпуштија народот, уче­ниците Го зедоа со себе, како што беше во коработ, а го следеа и други кораби.

37И се подигна голема бура, и брано­вите се префрлуваа во коработ, така што коработ веќе пропаѓаше.

38Тој, пак, беше на кормилото и спи­еше на возглавница; Го разбудија и Му рекоа: „Учителе, зар не Ти е грижа што загинуваме?“

39А Тој стана, му се заповеда на вет­рот и му рече на морето: „Молкни, пре­с­та­ни!“ И ветрот стивна, и настана голема тишина.

40Па им рече: „Што сте толку плаш­ливи? Зар сѐ уште немате вера?“

41И ги опфати голем страв, и говореа еден на друг: „Кој е, пак, Овој, што и ветрот и морето Го слушаат?“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
v>