Марко 5:1-43 MKDB2006 - Bible AI

1Преминаа отаде море, во Гадаринската земја.

2ⓐИ кога Тој излезе од коработ, вед­наш Го пресретна од гробиштата еден човек со нечист дух.

3Тој живееше во гробовите, и дури и со вериги никој не можеше да го врзе;

4зашто многупати беше во окови и во вериги врзан, ама ги кршеше оковите и ги раскинуваше веригите, и никој не можеше да го скроти;

5и секогаш, ноќе и дење, по гро­биш­тата и по ридиштата викаше и се уди­ра­ше со камења.

6Штом Го виде Исус оддалеку, при­трча и Му се поклони.

7ⓑПа, како извика со силен глас, рече: „Што имаш, Ти, со мене, Исусе, Сине на Севишниот Бог? Те заколнувам во Бога, не мачи ме!“

8Зашто му беше рекол: „Духу нечист, излези од човекот!“

9ⓒИ го праша: „Како те викаат?“ А тој одговори и рече: „Легија[2] ми е името, зашто сме многу.“

10И многу Го молеа да не ги брка од тој крај.

11А таму, по ридот, пасеше големо крдо свињи.

12И Го молеа и велеа: „Прати нѐ во свињине, да влеземе во нив.“

13И Исус веднаш им дозволи. Откако излегоа, нечистите духови влегоа во свињите, и јурнаа свињите по стрмнината во морето, а беа околу две илјади; и се издавија во морето.

14А оние, што ги пасеа свињите, побегнаа и известија во градот и по околијата. И мнозина излегоа да видат што станало.

15ⓓИ дојдоа кај Исус, и го видоа бесомачниот како седи облечен, и со здрав ум, во кого имаше легија, и се упла­шија.

16А оние, кои беа виделе, раскажуваа што стана со обземениот од зол дух и со свињите.

17ⓔИ почнаа да Го молат да си оди од нивните краишта.

18ⓕА кога влезе во коработ, оној, што беше порано бесомачен, Го помоли да биде со Него.

19ⓖИсус не му дозволи, но му рече: „Оди дома кај своите, па раскажи им што стори Господ за тебе и како те помилува.“

20ⓗСи отиде, и почна да раскажува по Десеттоградието што му направи Исус. И сите се чудеа.

21ⓘА кога премина Исус со коработ пак на другата страна, кај Него се собра многу народ. И беше покрај морето.

22И ете, дојде еден од началниците на синагогата, по име Јаир; па, штом Го виде, падна пред нозете Негови

23ⓙи усрдно Го молеше многу, гово­реј­ќи: „Ќерка ми е на умирање; дојди и по­ложи ги рацете над неа, за да оздрави и биде жива!“

24И појде со него. А по Него врвеше многу народ и Го притискаа.

25ⓚЕдна жена, што страдаше од крва­вење дванаесет години,

26и големи маки беше претрпела од мнозина лекари, потрошила сѐ што имала и никаква полза не видела, а ѝ станало дури уште полошо,

27ⓛⓜштом чу за Исус, се приближи одзади меѓу народот и се допре до облеката Негова;

28зашто си велеше: „Само ако се доп­рам до облеката Негова, ќе оздравам.“

29ⓝИ веднаш престана крвавењето, и таа осети во телото свое дека е излекувана од болеста.

30ⓞА Исус одеднаш почувствува во Се­бе како излезе сила од Него и се сврте кон народот и рече: „Кој се допре до облеката моја?“

31Учениците Негови Му рекоа: „Гледаш дека народот Те притиска, а прашуваш: ‚Кој се допре до Мене?‘“

32Но Тој гледаше наоколу, за да ја ви­ди онаа, што го направи тоа.

33Жената, пак, се уплаши и тре­пе­ре­ше; па, знаејќи што стана со неа, се при­ближи, падна пред Него и Му ја кажа целата вистина.

34ⓟА Тој ѝ рече: „Ќерко, верата твоја те спаси; оди си со мир и биди здрава од болеста своја!“

35ⓠДодека Тој уште зборуваше, дојдоа од кај началникот на синагогата и ре­коа: „Ќерка ти умре; што Му создаваш уште труд на Учителот!“

36Но Исус, откако ги чу тие зборови, му рече на началникот на синагогата: „Не плаши се, само верувај!“

37ⓡИ никому не му дозволи да оди со Него, освен на Петар, на Јаков, и на Јо­ван, братот на Јаков.

38Дојде во куќата на началникот на синагогата и виде растревоженост, пла­чење и силно врискање.

39ⓢИ кога влезе, им рече: „Што сте се развикале и расплакале? Девојчето не е умрено, туку спие!“

40А тие Му се потсмеваа. Тој, пак, от­како ги истера сите, ги зеде таткото и мајката на девојчето и оние што беа со Него, и влезе каде што лежеше де­вој­че­то.

41ⓣИ кога ја фати раката на девојчето, рече: „Талита, куми!“ — што значи: „Де­војко, тебе ти велам, стани!“

42И девојката одеднаш стана и почна да оди. А имаше дванаесет години. И сите се зачудија многу.

43ⓤА Тој строго им заповеда, никој да не разбере за тоа и рече: „Дајте ѝ да ја­де!“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
v>