1Па излезе оттаму и дојде во Својот крај; а по Него одеа и учениците Негови.
2ⓥИ кога дојде саботата, Тој почна да поучува во синагогата и мнозина, што слушаа, се чудеа и говореа: „Од каде во Него ова? И каква е оваа мудрост што Му е дадена, та такви чуда стануваат преку Неговите раце?
3ⓦНе е ли Тој дрводелецот, Синот на Марија, брат на Јаков, Јосија, Јуда и Симон? И не се ли овде меѓу нас сестрите Негови?“ И се соблазнија заради Него.
4ⓧА Исус им рече: „Пророкот никаде не е без почест, освен во својата земја, меѓу роднините и во својот дом.“
5ⓨИ не можеше тука да изврши никакво чудо; освен што излекува малку болни, полагајќи ги рацете врз нив.
6И се чудеше на нивното неверие. Па одеше по околните села и поучуваше.
7ⓩИ ги повика дванаесетте, и почна да ги праќа по двајца, и им даде власт над нечистите духови.
8ⓐПа им заповеда да не земаат ништо за по пат освен по еден стап; ни торба, ни леб, ни пари во појасот.
9Но да се обуени во сандали и да не облекуваат по две облеки.
10ⓑИ им рече: „Ако влезете негде во куќа, останете во неа, сѐ додека не си отидете оттаму.
11ⓒА ако негде не ве примат, ниту ве послушаат, штом излезете оттаму, истресете го правот од нозете свои, ним за сведоштво.“
12ⓓТие појдоа и проповедаа покајание.
13ⓔИзгонуваа многу нечисти духови, и многумина болни помазуваа со масло и лекуваа.
14ⓕИ цар Ирод разбра за Исус, зашто името Негово беше прочуено, па рече: „Јован Крстител воскреснал од мртвите и затоа стануваат чуда преку него.“
15ⓖЕдни велеа: „Илија е!“, а други: „Пророк е, или како еден од пророците.“
16А Ирод, штом чу рече: „Тоа е Јован, на кого јас му ја отсеков главата; тој воскреснал од мртвите!“
17ⓗБидејќи сам Ирод прати да го фатат Јован, го врза и го фрли во затвор, заради Иродијада, жената на брат му Филип, зашто се ожени со неа.
18ⓘБидејќи Јован му велеше на Ирод: „Не ти е дозволено да ја имаш жената на твојот брат!“
19А Иродијада се озлоби против него и сакаше да го убие, но не можеше.
20Зашто Ирод се плашеше од Јован, знаејќи дека е тој човек праведен и свет и го пазеше; многу беше збунет додека го слушаше, а со задоволство го слушаше.
21ⓙИ настана погоден ден кога Ирод, по повод својот роденден, им приготви вечера на своите кнезови, војводи и старешини Галилејски;
22и влезе ќерката на Иродијада, играше и им угоди на гостите и на Ирод. Тогаш царот ѝ рече на девојката: „Барај од мене што сакаш и ќе ти дадам!“
23ⓚИ ѝ се заколна: „Што и да побараш од мене, ќе ти дадам, дури и половината од моето царство.“
24А таа излезе и ја праша мајка си: „Што да побарам?“ Таа ѝ одговори: „Главата на Јован Крстител!“
25И таа веднаш влезе кај царот и побара, говорејќи: „Сакам уште сега да ми ја дадеш на чинија главата на Јован Крстител!“
26Царот се загрижи, но заради ветувањето и гостите свои не сакаше да откаже.
27И веднаш, откако испрати џелат, царот нареди да ја донесат главата негова.
28А тој отиде, му ја отсече главата во затворот и ја донесе на чинија, па ѝ ја предаде на девојката, а девојката ја даде на мајка си.
29ⓛКога неговите ученици разбраа, дојдоа и го зедоа телото негово и го погребаа.
30ⓜИ се собраа апостолите кај Исус, па Го известија за сѐ што направиле и поучувале.
31ⓝⓞА Тој им рече: „Дојдете и вие во осамено место и одморете се малку.“ Зашто мнозина доаѓаа и си одеа, така што немаа кога ни да јадат.
32И отидоа со кораб сами во осамено место.
33И ги виде народот кога си одеа; и Го познаа мнозина, па пеш од сите градови тргнаа таму; и ги испреварија (и се собраа околу Него).
34ⓟА Исус, кога излезе, виде многу народ и се смилува над нив, зашто беа како овци без пастир; и почна да ги поучува многу.
35ⓠИ бидејќи веќе времето поизмина, учениците Негови пристапија кон Него и рекоа: „Овде е местово пусто, а и доцна е;
36распушти ги за да отидат по околните села и колиби и да си купат леб, зашто нема што да јадат.“
37Тој им одговори и рече: „Дајте им вие да јадат!“ А тие Му рекоа: „Да појдеме и да купиме за двесте денарии леб, па да им дадеме да јадат?“
38Потоа Тој ги праша: „Колку лебови имате? Отидете и видете!“ И кога видоа рекоа: „Пет леба и две риби.“
39Тогаш Исус им рече на сите да поседнат на купчиња по зелената трева.
40И поседнаа во групи по сто и по педесет.
41ⓡТој ги зеде петте леба и двете риби, па, погледна кон небото, ги благослови лебовите и ги прекрши, и им ги даде на учениците Свои, за да им ги стават пред нив; исто така им ги раздели и двете риби на сите.
42ⓢИ јадеа сите и се наситија.
43ⓣИ собраа парчиња, од лебот и од рибите, полни дванаесет кошеви.
44А оние, што јадеа од лебовите, беа околу пет илјади мажи.
45И веднаш ги натера учениците Свои да влезат во кораб и да отидат порано од Него на другата страна кон Витсаида, дури Тој не го распушти народот.
46ⓤА Тој, одделувајќи се од нив, отиде во гората за да се помоли.
47Приквечер коработ беше сред морето, а Тој сам на копното.
48ⓥИ ги виде како се мачат при пловењето, зашто ветрот им беше спротивен; а околу четвртата ноќна стража[3] се приближи до нив и, одејќи по морето, сакаше само да помине покрај нив.
49ⓦА тие, кога го видоа како оди по морето, помислија дека е тоа привидение, и почнаа да викаат;
50ⓧзашто сите Го видоа и се уплашија. Тој веднаш почна да говори со нив и им рече: „Не плашете се! Јас сум, не бојте се!“
51ⓨИ влезе кај нив во коработ и ветрот стивна. А тие многу се уплашија и се чудеа во себе.
52ⓩЗашто не се вразумија (од чудото) со лебовите, бидејќи срцето им беше скаменето.
53И кога преминаа, дојдоа во земјата Генисаретска и се задржаа таму.
54А штом излегоа од коработ, веднаш Го познаа.
55ⓐⓑБрзо ја обиколија целата таа околија и почнаа на носилки да носат болни таму, каде што слушаа дека Тој се наоѓа.
56ⓒИ каде да влегуваше: во села, во градови или населби — на крстопатите полагаа болни и Го молеа да се допрат барем до полата од облеката Негова. И сите што се допираа до Него, оздравуваа.