Марко 7:1-37 MKDB2006 - Bible AI

1Се собраа кај Него фарисеите и некои од книжниците, што беа дошле од Ерусалим.

2И кога видоа дека некои од Не­го­ви­те ученици јадат леб со нечисти, односно со немиени раце, ги укорија.

3(Зашто фарисеите и сите Јудејци, држејќи го преданието на старите, не јадат, дури не ги измијат рацете до лактите;

4и кога ќе се вратат од пазар, не ја­дат, дури не се измијат; и уште многу друго има што примиле и го држат; ми­ење чаши, чинии, котли и столови.)

5Потоа фарисеите и книжниците Го прашаа: „Зошто учениците Твои не постапуваат според преданието на ста­рите, но со неизмиени раце јадат леб?“

6А Тој им одговори и рече: „Добро пророкувал Исаија за вас лицемерите, како што е напишано: ‚Овој народ со уста Ме почитува, но срцето им е да­ле­ку од Мене;

7но напразно Ме почитува, зашто проповеда човечки повелби.‘

8Зашто, вие, оставајќи ја Божјата за­повед, го држите преданието човечко: миење чинии и чаши, и вршите многу други слични работи.“

9И им рече: „И така ја отфрлате Божјата заповед, за да го запазите ва­шето предание.

10Зашто Мојсеј рече: ‚Почитувај ги татка си и мајка си‘ и ‚Кој го злослови таткото свој или мајка си, со смрт да се казни.‘

11А вие велите: ‚Ако некој каже на татка си или на мајка си: она, со кое би можел да те издржувам е корбан, односно, прилог е‘,

12тогаш таквиот не го оставате веќе ништо да стори за својот татко или за својата мајка,

13престапувајќи го словото Божјо со вашето предание, што сте го предале вие; многу такви слични работи вр­шите.“

14И кога го повика сиот народ, им ре­че: „Слушајте Ме сите и разберете:

15ништо, што влегува во устата на чо­векот однадвор, не може да го ос­квер­ни; туку она што излегува од него, тоа го осквернува човекот.

16Ако некој има уши да слуша, нека чуе!“

17И кога се оддалечи од народот и влезе во една куќа, учениците Негови Го прашаа за параболата.

18А Тој им рече: „Зар сте и вие така неразумни? Не разбирате ли дека ниш­то, што влегува во човекот однадвор, не може да го оскверни?

19Зашто, тоа не оди во срцето, туку во стомакот, и излегува надвор, чис­теј­ќи ја сета храна.“

20И уште им рече: „Она што излегува од човекот, тоа го осквернува човекот.

21Зашто однатре, од срцето човечко, излегуваат лоши помисли, прељубодеј­ства, блудства, убиства,

22кражби, лакомства, лукавства, па­кос­ти, злоби, око завидливо, богохул­ство, гордост, безумство.

23Сето тоа зло одвнатре излегува и го осквернува човекот.“

24И кога се крена оттаму, отиде во пределите Тирски и Сидонски; и кога влезе во една куќа, сакаше никој да не Го дознае. Но не можеше да се сокрие.

25Зашто чу за Него една жена, чија ќерка имаше нечист дух, па дојде и пад­на пред нозете Негови.

26А таа жена беше друговерка, по по­текло Сирофеничанка; и Го молеше да го истера демонот од ќерка ѝ.

27Но Исус ѝ рече: „Остави најнапред да се нахранат децата; зашто не е право да се земе лебот од децата и да им се фрли на кучињата.“

28А таа одговори и Му рече: „Да, Гос­поди! Но и кучињата јадат под трпезата, од трошките на децата.“

29И ѝ рече: „За ова што го рече — мо­жеш да си одиш! Демонот излезе од ќерка ти.“

30И кога се врати дома, ја најде ќерка си како лежи на постела, а демонот беше излегол од неа.

31И пак излезе Исус од пределите Тирски и Сидонски и отиде кон Га­ли­лејското Море, низ пределите на Де­сет­тоградието.

32И доведоа кај Него еден глув и тепкав, па Го молеа да положи над него ра­ка.

33Исус, откако го одведе настрана од народот, ги стави Своите прсти во не­го­вите уши; а кога плукна, го допре не­го­виот јазик;

34потоа погледна на небото, воздивна и му рече: „Ефата!“ — што значи: „Отво­ри се!“

35И веднаш му се отвори слухот, и се разврзаа врските на неговиот јазик и го­вореше чисто.

36И им заповеда никому да не ка­жу­ваат. Но, колку повеќе Тој им забрануваше, толку повеќе тие разгласуваа.

37И прекумерно се чудеа и велеа: „Сѐ добро прави: и глувите ги прави да слушаат и немите да зборуваат!“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
v>