Матеј 1:1-25 MKDB2006 - Bible AI

1Книга за родословот на Исус Хрис­тос[1], син Давидов, син Авра­амов.

2Авраам го роди Исак, Исак го роди Јаков, а Јаков ги роди Јуда и неговите браќа;

3Јуда ги роди Фарес и Зара, со Та­ма­ра; Фарес го роди Есром, а Есром го ро­ди Арам;

4Арам го роди Аминадав; Аминадав го роди Наасон, а Наасон го роди Сал­мон;

5Салмон го роди Вооз со Раав; Вооз го роди Овид со Рута, а Овид го роди Је­сеј;

6Јесеј го роди царот Давид, а царот Да­вид со поранешната жена на Урија го роди Соломон;

7Соломон го роди Ровоам; Ровоам го ро­ди Авија, а Авија го роди Аса;

8Аса го роди Јосафат; Јосафат го ро­ди Јорам, а Јорам го роди Озија;

9Озија го роди Јоатам; Јоатам го роди Ахаз, а Ахаз го роди Езекија;

10Езекија го роди Манасија; Манасија го роди Амон, а Амон го роди Јосија;

11Јосија го роди Јехонија и браќата негови за време на преселувањето во Вавилон.

12А по вавилонското преселување Је­хонија го роди Салатиил, а Салатиил го роди Зоровавел;

13Зоровавел го роди Авиуд; Авиуд го роди Елијаким, а Елијаким го роди Азор;

14Азор го роди Садок; Садок го роди Ахим, а Ахим го роди Елиуд;

15Елиуд го роди Елеазар; Елеазар го роди Матан, а Матан го роди Јаков;

16Јаков го роди Јосиф, мажот на Ма­рија, од која се роди Исус, наречен Христос.

17И така, сите родови од Авраам до Давид се четиринаесет; и од Давид до преселувањето во Вавилон се четирина­есет родови; а и од преселувањето вави­лонско до Христос — родови четиринаесет.

18А раѓањето на Исус Христос стана вака: по свршувачката на мајка Му Ма­рија за Јосиф, уште пред да заживеат во заедница, се виде дека е тешка од Све­тиот Дух.

19А Јосиф, нејзиниот маж, бидејќи беше праведен, не сакаше да ја посрами и намисли тајно да ја напушти.

20Но, штом помисли така, ангел Гос­подов му се јави на сон и рече: „Јосифе, сине Давидов, не плаши се да ја земеш Марија, својата жена, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух.

21Таа ќе роди Син и ќе Му ставиш име Исус, зашто Тој ќе го спаси народот Свој од неговите гревови.“

22А сето тоа стана за да се исполни кажаното од Господ преку пророкот, кој вели:

23„И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе Го наречат Емануил — што значи: со нас е Бог!“

24Штом се разбуди Јосиф од сонот, направи така како што му беше за­по­ве­дал ангелот Господов и ја зеде својата жена.

25И не се доближи до неа, додека таа не Го роди својот Син[2] и Го нарече Ис­ус.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
v>