Матеј 14:1-36 MKDB2006 - Bible AI

1ⓜВо тоа време гласот за Исус дојде и до Ирод четворовласни­кот[6],

2кој им рече на своите потчинети: „Тоа е Јован Крстител; тој воскреснал, па затоа и стануваат чуда преку него!“

3ⓝⓞЗашто Ирод, кога го фати Јован, го врза и го фрли во затвор заради Иро­ди­јада, жената на брат му Филип;

4бидејќи Јован му велеше: „Не до­ли­кува да биде твоја!“

5ⓟИ сакаше да го убие, но се плашеше од народот, зашто го сметаа за пророк.

6А кога му беше роденден на Ирод, ќерката на Иродијада играше пред гостите и му угоди на Ирод;

7затоа тој ѝ се заколна дека ќе ѝ даде што и да побара.

8И таа, подучена од мајка си, рече: „Дај ми ја овде на чинија главата на Јо­ван Крстител!“

9И се загрижи царот; но, заради заклетвата и гостите свои, нареди да ѝ ја дадат.

10Па прати, та ја отсекоа главата на Јован во затворот.

11И ја донесоа главата негова на чи­нија и ѝ ја дадоа на девојката, а таа ја однесе на мајка си.

12ⓠУчениците, пак, негови, дојдоа, го земаа неговото тело и го погребаа; па отидоа и му јавија на Исус.

13Штом го чу тоа Исус, замина оттаму со кораб во пусто место, Сам а на­ро­дот, штом дозна за тоа, тргна по Него пеш од градовите.

14ⓡИ кога излезе Исус, виде многу свет; и се смилува над нив и ги излекува нивните болни.

15А на стемнување се приближија до Него учениците Негови и рекоа: „Мес­тово е пусто, а и доцна е веќе; пушти го народот да оди по селата и да си купи храна.“

16ⓢНо Исус им рече: „Нема потреба да одат; дајте им вие да јадат!“

17ⓣА тие Му рекоа: „Ние имаме само пет леба и две риби.“

18Тој им рече: „Донесете Ми ги ту­ка!“

19ⓤИ откако му заповеда на народот да седне по тревата, ги зеде петте леба и двете риби, погледна кон небото, ги благослови, ги прекрши и им ги даде лебовите на учениците, а учениците — на народот.

20ⓥИ јадеа сите и се наситија; и кренаа дванаесет кошеви полни со останати парчиња.

21А оние што јадеа беа околу пет ил­ја­ди мажи, покрај жените и децата.

22И веднаш ги повика Исус уче­ни­ци­те Свои да влезат во кораб и да минат на другата страна пред Него, додека Тој да го распушти народот.

23ⓦПа штом го распушти народот, Тој се искачи на планината за да се помоли насамо. И таа вечер остана таму Сам.

24А коработ беше веќе на сред море и брановите го удираа, зашто ветрот ду­ваше спротивно.

25ⓧНо на четвртата стража[7] преку ноќта, дојде Исус кај нив, одејќи по мо­рето.

26ⓨА учениците, штом Го видоа како оди по морето, се уплашија и рекоа: „Тоа е привидение!“ и од страв извикаа.

27Но Исус веднаш почна да зборува со нив и им рече: „Не бојте се! Јас сум, не плашете се!“

28А Петар, одговарајќи Му, рече: „Господи, ако си Ти, заповедај да дојдам кај Тебе по водата!“

29И Исус му рече: „Дојди!“ Па штом излезе од коработ, Петар тргна по водата за да оди кај Исус;

30но, кога го виде силниот ветар, се уплаши, почна да тоне и извика: „Гос­поди, спаси ме!“

31ⓩИсус веднаш му подаде рака, го фа­ти и му рече: „Маловернику, зошто се посомнева?“

32ⓐИ кога влегоа во коработ, ветрот престана.

33ⓑА оние што беа во коработ Му пристапија, Му се поклонија и рекоа: „Навистина, Ти си Синот Божји!“

34Па откако преминаа, дојдоа во земјата генисаретска.

35Луѓето од тоа место, штом Го познаа, разгласија по целата таа околија и ги донесоа кај Него сите болни.

36ⓒИ Го молеа да се допрат барем до крајот од Неговата облека; и тие што се допреа, се излекуваа.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>