20тоа го осквернува човекот. А јадењето со неизмиени раце не го осквернува човекот.“
21И кога излезе оттаму Исус, замина во земјата Тирска и Сидонска.
22ⓞИ ете, една жена Хананејка, излезе од оние краишта, повика кон Него, велејќи: „Смилувај ми се, Господи, Сине Давидов! Ќерка ми жестоко ја мачи демон.“
23ⓟНо Тој не ѝ одговори ниту збор. И пристапувајќи до Него, учениците Негови Го молеа и велеа: „Отпушти ја, зашто вика по нас.“
24ⓠА Тој одговори и рече: „Јас сум пратен само кај загубените овци на домот израелски.“
25Но таа, кога пристапи, Му се поклони и велеше: „Господи, помогни ми!“
26ⓡТој, одговарајќи ѝ рече: „Не е добро да се земе лебот од децата и да се фрли на кучињата.“
27ⓢНо таа Му рече: „Да, Господи, но и кучињата јадат од трошките што паѓаат од трпезата на нивните господари.“
28ⓣТогаш Исус одговори и рече: „О, жено, голема е твојата вера; нека ти биде по желбата твоја!“ И во тој час оздраве ќерката нејзина.
29ⓤШтом замина оттаму, Исус дојде кај Галилејското Море, се искачи на гората и седна таму.
30ⓥИ дојде кај Него многу народ, кој имаше со себе куци, слепи, неми, фатени и многу други, и ги положија пред нозете на Исус, и Тој ги исцели,
31ⓦтака што народот се восхитуваше гледајќи како неми зборуваат, фатени оздравуваат, куци се движат и слепи прогледуваат и Го прославуваше Бога Израелов.
32ⓧА Исус, кога ги повика учениците Свои, рече: „Жал ми е за луѓето, зашто три дни веќе стојат кај Мене и немаат што да јадат; да ги распуштам гладни, не би сакал, за да не премалеат по патот.“
33ⓨНо учениците Негови Му рекоа: „Каде ќе земеме толку леб во пустинава за да нахраниме толку народ?“
34ⓩИсус ги праша: „Колку лебови имате?“ А тие одговорија: „Седум и неколку риби.“
35Тогаш му заповеда Исус на народот да поседне по земјата.
36ⓐИ земајќи ги седумте лебови и рибите, благодари, ги прекрши и им ги даде на учениците Свои, а учениците — на народот.
37ⓑИ јадеа сите и се наситија; и кренаа останати парчиња: седум полни кошници.
38А оние што јадеа беа четири илјади мажи, покрај жените и децата.
39Па, штом го распушти народот, влезе во кораб и пристигна во Магдалските предели.