Матеј 17:1-27 MKDB2006 - Bible AI

1ⓦА по шест дни Исус ги зеде со Себе Петар, Јаков и брат му Јо­ван, и ги изведе на висока гора сами;

2ⓧи се преобрази пред нив; и лицето Негово светна како сонце, а алиштата Му станаа бели како светлина.

3ⓨИ ете, им се јавија Мојсеј и Илија, кои разговараа со Него.

4ⓩТогаш Петар Му одговори на Исус и рече: „Господи, добро ни е да бидеме ов­де; ако сакаш ќе направам тука три ко­либи: една за Тебе, една за Мојсеј и една за Илија.“

5ⓐДодека уште говореше, ете, ги за­се­ни светол облак; и се чу глас од облакот кој велеше: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого е Мојата волја; Него по­слушајте Го!“

6ⓑИ кога го чуја тоа учениците, паднаа ничкум и многу се уплашија.

7Но Исус, штом се приближи, се доп­ре до нив и им рече: „Станете и не пла­шете се!“

8А тие, кога ги подигнаа очите, не ви­доа никој друг освен Исус.

9ⓒИсус им заповеда и рече: „Никому не кажувајте што видовте додека Синот Човечки не воскресне од мртвите!“

10ⓓПотоа учениците Негови Го пра­шаа, говорејќи: „Зошто, пак, книж­ни­ците велат дека најнапред треба да дој­де Илија?“

11ⓔИсус им одговори и рече: „Илија ќе дојде порано и ќе уреди сѐ;

12ⓕно ви велам дека Илија веќе дојде и не го познаа, туку му направија сѐ што сакаа; така и Синот Човечки ќе пострада од нив.“

13ⓖТогаш учениците разбраа дека Тој им зборува за Јован Крстител.

14ⓗКога дојдоа кај народот, пристапи кон Него еден човек, кој падна на колена

15и рече: „Господи, смилувај се на мо­јот син, зашто при нова месечина го на­паѓа зол дух и се мачи многу; често паѓа во оган и често — во вода;

16го одведов кај Твоите ученици, но тие не можеа да го излекуваат.“

17ⓘА Исус одговори и рече: „О, роде безверен и развратен! До кога ќе бидам со вас? До кога ќе ве трпам? Доведете Ми го тука!“

18ⓙИ му нареди Исус на демонот и тој излезе од момчето; и тоа оздраве во тој час.

19Тогаш учениците пристапија кон Исус насамо и Му рекоа: „Зошто не можевме ние да го истераме?“

20ⓚА Исус им рече: „Заради вашето безверие: зашто, вистина, ви велам, ако имате вера колку синапово зрно, ќе ѝ речете на оваа планина: ‚Премести се одовде таму!‘ И таа ќе се премести, и ништо нема да биде за вас неможно.

21ⓛ(Овој, пак, род се истерува само со молитва и пост.)“

22ⓜ ⓝА кога беа во Галилеја, Исус им ре­че: „Синот Човечки ќе биде предаден во раце човечки,

23и ќе Го убијат, и на третиот ден ќе воскресне.“ И тие многу се нажалија.

24ⓞА кога пристигнаа во Капернаум, му пристапија на Петар оние што собираа дидрахми и му рекоа: „Учителот ваш не плаќа ли дидрахми[9]?“

25Тој одговори: „Плаќа.“ И кога влезе дома, Исус го испревари и рече: „Како ти се чини, Симоне? Земните цареви од кого земаат царина или данок? Од сво­ите синови или од туѓи?“

26Петар Му одговори: „Од туѓите.“ Исус му рече: „Значи, синовите не пла­ќаат;

27ⓟно, за да не ги соблазниме, отиди до морето, фрли јадица и првата риба што ќе се улови, земи ја; и, кога ќе ѝ ја от­вориш устата, ќе најдеш статир[10]; земи го и подај им го за Мене и за себе!“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>