1ⓝКога ги заврши Исус тие зборови, тргна од Галилеја и пристигна во пределите јудејски, отаде Јордан.
2ⓞПо Него појде многу народ и Тој ги исцели таму.
3ⓟИ дојдоа кај Него фарисеите што Го искушуваа, па Му рекоа: „Може ли човек да ја остави жената своја за каква и да било причина?“
4ⓠТој им одговори и рече: „Не ли сте читале, дека Оној што ги создаде во почетокот, маж и жена ги создаде, и рече:
5ⓡ‚Затоа ќе остави човек татко и мајка и ќе се прилепи до жената своја и ќе бидат обата едно тело.‘
6ⓢПа така, тие веќе не се двајца, туку едно тело. А Бог што соединил човек да не разделува.“
7ⓣТие Му рекоа: „Зошто тогаш Мојсеј заповеда да ѝ даде мажот разводно писмо и да ја напушти?“
8Тој им одговори: „Заради вашите жестоки срца Мојсеј ви дозволи да ги оставате жените свои; но во почетокот не беше така.
9ⓤЈас, пак, ви велам: оној што ќе ја остави својата жена, освен заради прељуба, и се ожени со друга, тој извршува прељуба; и оној, што ќе се ожени со напуштена, исто така прељубодејствува.“
16ⓑИ ете, еден човек, кога пристапи до него, Му рече: „Учителе добар, какво добро треба да направам за да имам живот вечен?“
17ⓒА Тој му одговори: „Зошто Ме нарекуваш добар? Само Еден е добар[12]. А ако сакаш да влезеш во животот, запазувај ги заповедите.“
18ⓓТој Му рече: „Кои?“ А Исус одговори: „Не убивај, не прељубодејствувај, не кради, не сведочи лажно;
19почитувај ги татка си и мајка си; сакај го ближниот свој како себеси!“
20Младиот човек Му рече: „Сето тоа сум го запазил уште од детството; што ми е уште потребно?“
21ⓔИсус му кажа: „Ако сакаш да бидеш совршен, оди, продај го имотот свој и раздели го на сиромаси, и ќе имаш богатство на небото; па дојди и врви по Мене!“
22ⓕШтом ги чу младиот човек овие зборови, си отиде нажален, бидејќи имаше голем имот.
23ⓖА Исус им рече на учениците Свои: „Вистина, ви велам, богат мачно ќе влезе во царството небесно;
24ⓗи уште ви велам: полесно ѝ е на камилата да мине низ иглени уши, отколку на богатиот да влезе во царството Божјо.“
25Кога го чуја тоа учениците, многу се зачудија и рекоа: „Тогаш кој може да се спаси?“
26ⓘИсус, ги погледна и им рече: „За луѓето тоа не е можно, но за Бога сѐ е можно.“
27ⓙТогаш Петар одговори и Му рече: „Ете, ние оставивме сѐ, и по Тебе одиме: што ќе стане, со нас?“
28ⓚА Исус им рече: „Вистина ви велам дека вие што врвите по Мене, во новиот свет, кога Синот Човечки ќе седне на престолот на славата Своја, ќе седнете и вие на дванаесет престоли и ќе судите над дванаесетте Израелови колена;
29ⓛи секој што ќе остави куќа, или брат, или сестра, или татко, или мајка, или жена, или деца, или ниви, заради Моето име, ќе наследи стопати повеќе и ќе добие живот вечен.
30ⓜНо мнозина први ќе бидат последни, а последните први.“