Матеј 20:1-34 MKDB2006 - Bible AI

1„Зашто царството небесно приле­га на домаќин, кој излегол на­утро рано да изнајми работници за своето лозје.

2Па, штом се спогоди со работниците по денариј на ден, ги прати во лозјето свое.

3Потоа, кога излезе околу третиот[13] час и виде други како стојат на па­за­риштето без работа,

4им рече: ‚Одете и вие во моето лозје, па што е право, ќе ви дадам.‘ И тие отидоа.

5Пак излезе околу шестиот и деветтиот[14] час и направи исто.

6А околу единаесеттиот[15] час одново излезе и најде други, како стојат без ра­бота, и им рече: ‚Зошто стоите тука цел ден без работа?‘

7Тие му одговорија: ‚Никој не нѐ по­вика.‘ А тој им рече: ‚Одете во моето лозје.‘ (И што е право ќе добиете.)

8А кога се стемни, господарот на лозјето му рече на својот настојник: ‚По­ви­кај ги работниците и плати им, поч­ну­вајќи од последните па до првите.‘

9И дојдените околу единаесеттиот час добија по денариј.

10А кога дојдоа првите, помислија де­ка ќе примат повеќе; но и тие добија по денариј;

11и штом добија, негодуваа против господарот

12и велеа: ‚Оние последните работеа еден час, а ти ги изедначи со нас, што ја претрпевме тежината на денот и жегата.‘

13А тој им одговори и му рече на еден од нив: ‚Пријателе, не те онеправдувам: нели се погоди со мене за денариј?

14Земи си го своето и оди си; и на овој последниов, сакам да му дадам колку и тебе;

15зар немам право да чинам со своето што сакам? Или ти е окото завидливо, зашто сум дарежлив?‘

16Така ќе бидат последните први, а првите — последни; (зашто мнозина се повикани, но малкумина се избрани).“

17И кога се искачуваше Исус кон Ерусалим, ги зеде насамо дванаесетте ученици и по патот им рече:

18„Ете, се искачуваме кон Ерусалим и Синот Човечки ќе им биде предаден на првосвештениците и книжниците, и ќе Го осудат на смрт,

19и ќе Го предадат на незнабошците за да биде исмеан, и тепан, и распнат; и на третиот ден ќе воскресне.“

20Тогаш пристапи до Него мајката на Заведеевите синови, заедно со своите синови и, поклонувајќи Му се, Го мо­ле­ше нешто.

21А Тој ѝ рече: „Што бараш?“ Таа Му одговори: „Заповедај овие мои два сина да седат до Тебе, едниот од десно, а другиот од лево во Твоето царство!“

22Исус одговори и им рече: „Не зна­ете што барате! Можете ли да ја пиете чашата што ќе ја пијам Јас; или да се крстите со крштавањето со кое се крш­тавам Јас?“ Тие Му одговорија: „Мо­же­ме.“

23И им рече: „Чашата Моја ќе ја пи­е­те, и со крштавањето, со кое се кршта­вам Јас, ќе се крстите, но да се седи на Мојата десна или лева страна, тоа не за­виси од Мене; таму ќе седнат оние за кои е подготвено од Мојот Отец.“

24И десетте, штом го чуја тоа, негоду­ваа против двајцата браќа.

25Но Исус ги повика и им рече: „Зна­ете дека кнезовите народни владеат над народите, и управниците господарат над нив;

26меѓу вас, пак, нека не биде така; а кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга;

27и кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви служи;

28како што и Синот Човечки не дојде да Му служат, туку дојде да послужи и да го даде животот Свој за откуп на мно­зина.“

29И кога излегуваше од Ерихон, по Него врвеше многу народ.

30И ете, двајца слепи, седнати покрај патот, штом чуја дека минува Исус, из­викаа и рекоа: „Смилувај ни се, Гос­по­ди, Сине Давидов!“

31А народот им заповеда да молчат; но тие уште посилно викаа и велеа: „Смилувај ни се, Господи, Сине Да­ви­дов!“

32Исус застана, ги повика и рече: „Што сакате да сторам за вас?“

33Тие Му одговорија: „Да ни се отворат очите наши.“

34И Исус се смилува и се допре до нивните очи, и веднаш им прогледаа очите нивни; и тие тргнаа по Него.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>