Матеј 21:1-46 MKDB2006 - Bible AI

1А кога наближија до Ерусалим и дој­доа до Витфагија, кај Мас­ли­новата Гора, Исус испрати двајца уче­ници

2и им рече: „Отидете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете вр­зана магарица и младо магаре со неа; одврзете ги и доведете Ми ги!

3А ако некој ви рече нешто, кажете му дека Му се потребни на Господа, и веднаш ќе ги прати.“

4А сето тоа стана за да се исполни ка­жаното преку пророкот, кој вели:

5„Кажете ѝ на ќерката Сионова: ете, твојот цар доаѓа кај тебе кроток, качен на магарица со младо магаре.“

6Учениците отидоа и направија така, како што им беше заповедал Исус.

7Ги дотераа магарицата и младото магаре и ги кладоа одозгора алиштата свои, и Тој седна над нив.

8А мнозина од народот ги постилаа по патот облеките свои; други, пак, се­чеа гранки од дрвјата и ги постилаа по патот;

9а народот што врвеше пред Него и по Него, викаше велејќи: „Осана на Си­нот Давидов! Благословен е Тој што до­аѓа во името Господово! Осана на висините!“

10И кога влезе во Ерусалим, целиот народ збунето прашуваше: „Кој е овој?“

11А народот одговараше: „Овој е Ис­ус, пророкот од Назарет галилејски.“

12И влезе Исус во храмот Божји и ги истера сите што продаваа и купуваа во храмот, ги растури масите на ме­ну­ва­чи­те и столовите на оние што продаваа гу­лаби,

13и им рече: „Напишано е: ‚Домот Мој нека биде дом за молитва‘, а вие го направивте како разбојничка пештера.“

14И дојдоа кај Него во храмот слепи и куци, и Тој ги излекува.

15А првосвештениците и книж­ни­ци­те, гледајќи ги чудесните дела што ги направи Тој, и слушајќи ги децата како викаат во храмот и велат: „Осана на Да­видовиот Син!“, се разгневија,

16и му рекоа: „Слушаш ли што велат тие?“ А Исус им рече: „Да! Зар никогаш не сте читале: ‚Од устата на но­во­ро­денчињата и од оние што цицаат Ти си приготвил пофалба?‘“

17И кога ги остави, отиде надвор од градот, во Витанија, каде што преноќи.

18А утредента, враќајќи се во градот, огладне;

19и виде покрај патот смоква, па оти­де до неа; откако не најде на неа ништо освен лисја, рече: „Од сега да нема плод на тебе довека!“ И смоквата веднаш се исуши.

20Штом го видоа тоа, учениците се за­чудија и рекоа: „Како веднаш се исуши смоквата!“

21А Исус им одговори и рече: „Вис­ти­на, ви велам: ако имате вера и не се по­сомневате, не само тоа што стана со смоквата ќе го правите, туку, ако и на оваа планина ѝ речете — дигни се и фрли се в море, ќе биде.

22И сѐ што ќе побарате во молитва со вера, ќе добиете.“

23И кога дојде Тој во храмот и по­у­чу­ваше, пристапија кон Него прво­свеш­те­ниците и старешините народни и рекоа: „Со каква власт го правиш тоа и кој Ти ја дал таа власт?“

24А Исус им одговори и рече: „И Јас ќе ве прашам нешто. Па, ако Ми одго­во­рите, и Јас ќе ви кажам со каква власт го правам тоа.

25Крштавањето Јованово од каде беше: од небото или од луѓето?“ А тие размислуваа меѓу себе и велеа: „Ако ка­жеме — од небото, ќе ни рече: ‚Па зошто не му поверувавте?‘

26А ако речеме: — од луѓето, се пла­шиме од народот, зашто сите го сметаа Јован за пророк.“

27И, одговарајќи Му на Исус, рекоа: „Не знаеме.“ А Тој им рече: „Ни Јас не ви кажувам со каква власт го правам тоа.“

28„Што мислите за ова? Еден човек имаше два сина; па отиде кај првиот и му рече: ‚Сине, оди денес да работиш во моето лозје!‘

29Тој одговори и рече: ‚Не сакам!‘ но потоа се покаја и отиде.

30Дојде и кај вториот, и му го рече ис­тото. Тој одговори и рече: ‚Ќе отидам, господаре.‘ Но не отиде.

31Кој од двајцата ја исполни татковата волја?“ Му одговорија: „Првиот.“ То­гаш Исус им рече: „Вистина ви велам дека цариниците и блудниците ќе ве испреварат во царството Божјо:

32зашто дојде кај вас Јован по патот на праведноста и вие не му поверувавте, а цариниците и блудниците му поверуваа; вие, пак, иако видовте, не се предомисливте отпосле за да му поверувате.“

33„Чујте друга парабола! Беше еден човек домаќин, кој насади лозје, го за­гради со плот, ископа бунар, направи кула и, откако им го предаде на ло­за­ри­те, си отиде.

34И кога наближи времето за берба, тој ги испрати кај лозарите своите слу­ги за да му ги приберат плодовите.

35Но, лозарите, ги фатија неговите слуги, едниот го претепаа, другиот го убија, а третиот со камења го засипаа.

36Тој испрати сега други слуги, по­ве­ќе од првите; но и со нив постапија ис­то.

37Најпосле го испрати кај нив својот син, велејќи: ‚Ќе се засрамат од син ми.‘

38Но лозарите, штом го видоа син му, си рекоа меѓу себе: ‚Овој е наследникот; ајде да го убиеме и да го присвоиме нас­ледството негово.‘

39Па, го фатија, го изведоа надвор од лозјето и го убија.

40Кога ќе дојде господарот на лозјето, што ќе им направи на тие лозари?“

41Му одговорија: „Злосторниците ќе ги погуби, а лозјето ќе го даде на други лозари што ќе му ги даваат плодовите навреме.“

42А Исус им рече: „Зар не сте читале во Книгите: ‚Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана камен темелник: тоа е од Господ и чудесно е во очите наши.‘

43Затоа ви велам дека царството Божјо ќе биде земено од вас и ќе се даде на народ што ги принесува неговите плодови.

44И кој падне врз тој камен, ќе се разбие; а врз кого тој ќе падне, ќе го здроби.“

45И слушајќи ги Неговите параболи, првосвештениците и фарисеите разбраа дека говори за нив,

46па гледаа да Го фатат; но се плашеа од народот, зашто Го сметаа за пророк.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>