1ⓟА кога се раздени, сите првосвештеници и старешини направија договор против Исус за да Го убијат;
2ⓠи откако Го врзаа, Го одведоа и Го предадоа на управникот Понтиј Пилат.
3ⓡТогаш Јуда, што Го предаде, кога виде дека е Тој осуден, се покаја и им ги врати триесетте сребреници на првосвештениците и старешините,
4ⓢвелејќи им: „Згрешив, зашто предадов невина крв!“ А тие му одговорија: „Што ни е грижа нам за тоа? Мисли му ти!“
5ⓣТој ги фрли сребрениците во храмот, излезе и отиде, та се обеси.
6Првосвештениците ги собраа сребрениците и рекоа: „Не чини да се стават во црковната каса, бидејќи се платени за крв.“
7Откако се советуваа, ја купија со нив грнчаревата нива, за да погребуваат во неа луѓе од други места.
8ⓤЗатоа и до денес таа нива се вика Крвна нива.
9ⓥⓦТогаш се исполни реченото преку пророкот Еремија: „И ги зедоа триесетте сребреници, цената на Непроценливиот, Кого Го оценија синовите Израелови,
10ⓧи ги дадоа за грнчаревата нива, како што ми кажа Господ.“
11ⓨИ Исус застана пред управникот. И тој Го праша, велејќи: „Ти ли си Царот Јудејски?“ Исус му одговори: „Ти велиш.“
12ⓩИ кога Го обвинуваа првосвештениците и старешините, Тој ништо не одговараше.
13Тогаш Пилат Му рече: „Не слушаш ли колку сведочат против Тебе?“
14ⓐИ не му одговори ниту на еден збор, така што управникот се чудеше многу.
15ⓑА на секој празник Пасха управникот имаше обичај да му пушта на народот по еден затвореник, кого што би го побарале.
16Тогаш тие имаа еден прочуен затвореник, по име Варава.
17ⓒИ кога се собраа, Пилат им рече: „Кого сакате да ви го пуштам: Варава ли, или Исус, наречен Христос?“
18Зашто знаеше дека Го беа предале од завист.
19ⓓВо тоа време, кога тој седеше во судот, жена му порача да му кажат: „Не прави му ништо на Тој Праведник, зашто денеска многу пострадав на сон заради Него.“
20Но првосвештениците и старешините го наговорија народот да го измоли Варава, а Исус да Го погуби.
21ⓔТогаш управникот ги праша: „Кого од двајцата сакате да ви го пуштам?“ Тие одговорија: „Варава!“
22ⓕПилат им рече: „А што да правам со Исус, наречен Христос?“ Му одговорија сите: „Да биде распнат!“
23ⓖУправникот рече: „Па какво зло направил?“ Но тие уште посилно викаа и рекоа: „Да биде распнат!“
24ⓗⓘПилат, штом виде дека ништо не помага, а буната се зголемува, зеде вода, ги изми рацете пред народот и рече: „Невин сум за крвта на Овој Праведник; мислете му вие!“
25ⓙИ одговарајќи целиот народ, рече: „Крвта Негова нека падне на нас и на нашите деца!“
26ⓚТогаш им го пушти Варава, а Исус, откако Го камшикуваа, Го предаде да биде распнат.
27Потоа војниците на управникот Го зедоа Исус во судницата и ја собраа целата чета околу Него,
28па, откако Го соблекоа, Му облекоа багреница;
29ⓛисплетоа трнов венец, Му Го кладоа на главата и Му дадоа во десната рака трска; и паѓајќи на колена, Му се потсмеваа и велеа: „Те поздравуваме, Царе Јудејски!“
30ⓜИ плукаа на Него и со трската Го удираа по главата.
31А кога Го исмеаја, Му ја соблекоа багреницата, Му ги облекоа Неговите алишта и Го поведоа на распнување.
32ⓝНа излегување сретнаа еден Киринеец, по име Симон; него го натераа да Му го носи крстот.
33ⓞИ кога дојдоа на местото наречено Голгота, што значи Черепница,
34ⓟМу дадоа да пие оцет, измешан со жолчка. Но Тој вкуси и не сакаше да пие.
35ⓠА штом Го распнаа, ги разделија алиштата Негови, фрлајќи ждрепка;
36па седеа таму и Го чуваа;
37ⓡи Му кладоа над главата натпис, со вината Негова: „Овој е Исус, Царот Јудејски.“
38ⓢТогаш распнаа со Него и двајца разбојници; едниот од десната страна, а другиот од левата.
39ⓣА минувачите, вртејќи ги главите свои, Го хулеа
40ⓤи велеа: „Ти, што го уриваш храмот и за три дни го соѕидуваш, спаси се Себеси! Ако си Син Божји, симни се од крстот!“
41ⓥИсто така и првосвештениците, заедно со книжниците, старешините, и фарисеите, потсмевајќи се говореа:
42ⓦ„Други спасуваше, а Сам Себе не може да се спаси! Ако е Тој Цар Јудејски, нека слезе од крстот, па ќе поверуваме во Него.
43ⓧСе надеваше на Бога, нека Го избави сега, ако е по волјата Негова, бидејќи говореше: ‚Син Божји Сум!‘“
44И разбојниците, распнати со Него, Го хулеа исто така.
45ⓨА од шестиот[17] час настана темнина по целата земја, до деветтиот час;
46ⓩа околу деветтиот[18] час извика Исус со висок глас и рече: „Или! Или! Лама савахтани?“ А тоа значи: „Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави!“
47ⓐА некои од оние што стоеја таму, кога го чуја тоа, рекоа: „Овој го вика Илија!“
48ⓑИ веднаш еден од нив отрча, зеде сунѓер, го натопи во оцет и го надена на трска, па Му даваше да пие.
49Другите, пак, велеа: „Чекајте, да видиме, дали ќе дојде Илија да Го спаси!“
50А Исус, откако повторно извика со силен глас, го испушти духот.
51ⓒИ наеднаш се расцепи завесата на храмот на две — од горе до долу; и земјата се затресе; и карпи паднаа.
52ⓓИ гробови се отворија; и многу тела на упокоени светии воскреснаа;
53ⓔпа кога излегоа од гробовите, по воскреснувањето Негово, влегоа во светиот град и им се јавија на мнозина.
54ⓕА стотникот и оние што со него заедно Го чуваа Исус, откако го видоа земјотресот и сѐ друго што стана, се уплашија многу и говореа: „Навистина Овој беше Син Божји!“
55ⓖТаму беа и гледаа оддалеку, исто така, многу жени, што Го следеа Исус од Галилеја и Му служеа.
56ⓗМеѓу нив беа Марија Магдалена и Марија, мајка им на Јаков и Јосиф, и мајката на Заведеевите синови.
57А кога се стемни, дојде еден богат човек од Ариматеја, по име Јосиф, кој Му беше, исто така, ученик на Исус;
58ⓘтој отиде кај Пилат и го побара телото Исусово. Тогаш Пилат нареди да му го дадат телото.
59ⓙА Јосиф, штом го зеде телото, Го завитка во чисто платно,
60ⓚи Го положи во својот нов гроб, што го беше издлабил во карпа; па, откако постави голем камен над гробната врата, си отиде.
61ⓛА таму беа Марија Магдалена и другата Марија, кои седеа спроти гробот.
62ⓜНа другиот ден, по петокот, се собраа првосвештениците и фарисеите кај Пилат,
63ⓝи му рекоа: „Господаре, се сетивме дека Оној измамник, уште дури беше жив, рече: ‚По три дни ќе воскреснам!‘
64ⓞЗатоа нареди да се причува гробот до третиот ден, за да не отидат учениците Негови ноќе и да Го украдат, па да му речат на народот: ‚Воскресна од мртвите!‘ Та последната измама ќе биде полоша од првата.“
65Пилат им рече: „Имате стража; одете и осигурајте го како што знаете.“
66Тие отидоа и со стража го осигураа гробот, а каменот го запечатија.