Матеј 28:1-20 MKDB2006 - Bible AI

1Кога измина саботата, на осамнување во првиот ден на седмицата, дојдоа Марија Магдалена и другата Марија да го видат гробот.

2И ете, стана голем потрес; ангел Господов слезе од небото, пристапи, го отстрани каменот од гробната врата и седна на него;

3лицето му беше како молња, а алиш­тата — бели како снег;

4а стражарите, уплашени од него, трепереа и беа како мртви.

5Ангелот им се обрати на жените и им рече: „Не плашете се; знам дека Го барате Исус распнатиот;

6не е овде, воскресна, како што беше рекол; дојдете и видете го местото, каде што лежел Господ,

7па отидете бргу и кажете им на уче­ниците Негови дека Тој воскресна од мртвите. И ете, ќе отиде пред вас во Га­ли­леја; таму ќе Го видите. Ете, ви ка­жав.“

8И излегоа брзо од гробот, со страв и голема радост и отрчаа да им соопштат на учениците Негови.

9Кога одеа да им јават на Неговите ученици, Исус, ги пресретна и им рече: „Радувајте се!“ А тие се приближија, ги гуш­наа нозете Негови и Му се поклонија.

10Тогаш Исус им кажа: „Не плашете се; одете и соопштете им на браќата Мои, да отидат во Галилеја, и таму ќе Ме видат.“

11Кога одеа тие, ете, некои од стра­жарите, влегувајќи в град, им кажаа на првосвештениците за сето она што бе­ше станало.

12И тие, кога се собраа со ста­ре­ши­ни­те и се посоветуваа, им дадоа многу па­ри на војниците,

13велејќи: „Кажете дека: ‚учениците Негови дојдоа и Го украдоа кога ние спиевме;‘

14и, ако за тоа чуе управникот, ние ќе го смириме и ќе направиме и вам ништо да не ви се случи.“

15А тие ги зедоа парите и направија, како што беа научени. И тој глас се пренесува меѓу Јудејците и до денес.

16А единаесетте ученици отидоа во Галилеја, на гората, каде што им беше заповедал Исус;

17па, штом Го видоа, Му се поклонија; а некои се посомневаа.

18А Исус, кога се приближи, прогово­ри и рече: „Ми се даде секаква власт на небото и на земјата.

19Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух,

20и учејќи ги да пазат сѐ што сум ви заповедал; и ете, Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>