1ⓒВо тие дни дојде Јован Крстител, кој проповедаше во Јудејската пустина
2ⓓи говореше: „Покајте се, зашто се приближи царството небесно.“
3ⓔЗашто ова е, навистина, Оној за Кого говореше пророкот Исаија, кој вели: „Гласот на оној, што вика во пустината: ‚Пригответе го патот на Господ и исправете ги патеките Негови!‘“
4ⓕА Јован носеше облека од камилски влакна и кожен појас околу слабините, а храната му се состоеше од скакулци и див мед.
5ⓖТогаш од Ерусалим и цела Јудеја и од целиот Јордански крај доаѓаа кај него
6ⓗи се крштаваа од него во реката Јордан, исповедајќи ги своите гревови.
7ⓘА штом виде Јован дека кај него доаѓаат мнозина фарисеи и садукеи за да се крстат, им рече: „Рожби змиини! Кој ви кажа да бегате од гневот што иде?
8ⓙНаправете плод достоен за покајание
9ⓚи немојте да говорите во себе: ‚Наш татко е Авраам‘, зашто Бог може, ви велам, и од овие камења да му подигне чеда на Авраам.
10ⓛСекирата веќе лежи до коренот на дрвото: зашто секое дрво, што не дава добар плод, се сече и се фрла во оган.
13Тогаш дојде Исус од Галилеја на Јордан кај Јован за да биде крстен од него.
14ⓞА Јован Го одвраќаше, велејќи: „Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти кај мене ли доаѓаш!?“
15Но Исус му одговори и рече: „Остави го сега тоа, зашто нам ни претстои да ја исполниме секоја правда.“ Тогаш Јован се сложи.
16ⓟИ штом се крсти, Исус веднаш излезе од водата. Одеднаш Му се отворија небесата и Го виде Духот Божји како слегува како гулаб и се спушта над Него.
17ⓠИ ете, глас од небесата говореше: „Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја!“