Матеј 6:1-34 MKDB2006 - Bible AI

1ⓔ„Гледајте да не ја покажувате својата праведност пред луѓето само за да бидете забележани; инаку, нема да имате награда од вашиот Отец небесен.

2ⓕИ така, кога даваш милостина не разгласувај, како што прават лицеме­рите по синагогите и по улиците, за да ги фалат луѓето. Навистина ви велам, тие веќе ја добиле својата награда.

3А ти, кога даваш милостина, да не знае твојата лева рака што прави десната,

4ⓖза да биде твојата милостина тајна; и тогаш, твојот небесен Отец, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно.“

5ⓗ„И кога се молиш, не биди како ли­цемерите, кои сакаат да стојат по синагогите и крстопатите за да се молат и да се покажуваат пред луѓето. Вистина ви велам, тие веќе си ја добиле својата на­града.

6ⓘНо ти, кога се молиш, влези во својата скришна соба и, откако ќе ја затво­риш вратата, помоли Му се на твојот Отец, Кој е во тајност; и Тој, Кој гледа тајно, ќе те награди (јавно).

7ⓙКога се молите, не говорете многу како незнабошците, зашто тие мислат дека за своите многубројни зборови ќе бидат услишени;

8ⓚвие, пак, немојте да бидете како нив, зашто вашиот Отец небесен знае од што имате потреба уште пред да Го по­молите.

9ⓛТуку молете се вака: Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое;

10ⓜда дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата;

11ⓝлебот наш насушен дај ни го денес;

12ⓞи прости ни ги долговите наши, ка­ко што и ние им ги проштеваме на на­шите должници;

13ⓟи не воведувај нѐ во искушение, но из­бави нѐ од лукавиот, (зашто Твое е цар­ството, и силата, и славата во сите ве­ко­ви. Амин!).

14ⓠⓡБидејќи, ако им ги простите на лу­ѓето гревовите нивни и вам ќе ви ги прости вашиот Отец небесен.

15ⓢАко, пак, не им ги простите гре­во­вите на луѓето и вашиот Отец нема да ви ги прости вашите.“

16ⓣ„Кога постите, не бидете жалосни како лицемерите; зашто тие си ги прават лицата нажалени за да се покажат пред луѓето дека постат. Вистина ви ве­лам дека тие веќе ја добиле својата на­г­рада.

17А ти кога постиш, помажи ја главата своја и измиј го лицето свое,

18ⓤпа да се покажеш дека постиш не пред луѓето, туку пред твојот Отец, Кој е во тајност; и твојот Отец, Кој гледа во тајност, ќе те награди јавно.“

19ⓥ„Не собирајте богатства на земјата, каде што ги јаде молецот и рѓата, и ка­де што крадците ги поткопуваат и крадат;

20ⓦно собирајте си богатства на небото, каде што ни молец, ниту рѓа ги јаде, и каде што крадци не ги поткопуваат, ни­ту крадат.

21Зашто, каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше.“

22„Светило за телото е окото. И та­ка, ако твоето око биде здраво и целото твое тело ќе биде светло;

23ⓧако, пак, твоето око биде лошо, це­лото тело ќе ти биде темно. И така, ако светлината, што е во тебе, е темнина, тогаш каква ли ќе е темнината?“

24ⓨ„Никој не може да им слугува на двајца господари: зашто, или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го засака; или кон едниот ќе се приврзе, а другиот ќе го презре. Не можете да им служите на Бога и на Мамон.

25ⓩЗатоа ви велам: немојте да се гри­жите за вашата душа — што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за телото, во што ќе се облечете. Зар не чини вашата душа повеќе од храната, и телото — од облеката?

26ⓐПогледнете ги птиците небески: тие ни сеат, ни жнеат, ниту во амбар собираат, но вашиот небесен Отец ги храни. Зар не сте вие многу поскапи од нив?

27А кој од вас, грижејќи се, може на својот раст да му придаде макар еден лакт?

28Зошто се грижите и за облеката? Погледнете ги полските кринови како растат! Не се трудат, ниту предат;

29ⓑно ви велам дека ни Соломон, во це­лата своја слава не се облече така, како еден од нив.

30ⓒПа, ако полската трева, што денеска ја има, а утре во оган се фрла, Бог така ја облекува, а колку повеќе ќе сто­ри за вас, маловерни!?

31Па затоа, не грижете се и не гово­рете: ‚што да јадеме, или што да пиеме‘, или ‚во што да се облечеме?‘

32ⓓЗашто сето тоа го бараат незна­бош­ците, а вашиот Отец небесен знае дека за сето ова имате потреба.

33ⓔНо барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и сѐ ова ќе ви се придодаде.

34ⓕИ затоа, немојте да се грижите за утре, зашто утрешниот ден ќе се грижи за своето; на секој ден доволна е негова­та неволја.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
v>