Матеј 9:1-38 MKDB2006 - Bible AI

1Тогаш Тој влезе во еден кораб, се врати назад и пристигна во Својот град.

2И ете, донесоа кај Него еден фатен, положен на постела. Па кога ја виде Исус нивната вера, на фатениот му ре­че: „Не плаши се, чедо! Ти се простува­ат гревовите твои!“

3Тогаш некои од книжниците си ре­коа во себе: „Овој богохулствува!“

4А Исус ги разбра нивните мисли, и им рече: „Зошто мислите лошо во срцата ваши?

5Или, што е полесно? Да кажам: ‚Ти се простуваат гревовите твои!‘ или да кажам: ‚Стани и оди!?‘

6Но да знаете дека Синот Човечки има власт на земјата да проштава гре­вови.“ Тогаш му рече на фатениот: „Стани, земи си ја постелата и оди си дома!“

7И тој стана, ја зеде постелата своја и си отиде дома.

8А народот кога го виде тоа, се восхити и Го прослави Бога, Кој им даде так­ва власт на луѓето.

9А кога си одеше оттаму, Исус виде еден човек, по име Матеј, како седи во царинарницата и му рече: „Врви по Ме­не!“ И тој стана и тргна по Него.

10И кога седеше Исус на трпеза дома, одеднаш мнозина цариници и греш­ни­ци дојдоа и седнаа до Него и до учени­ците Негови.

11Но штом го видоа тоа фарисеите, им рекоа на учениците Негови: „Зошто вашиот Учител јаде и пие со цариници и грешници?“

12А Исус, кога го чу тоа, им рече: „Здравите немаат потреба од лекар, ту­ку болните;

13одете и научете се што значи: ‚Милост сакам, а не жртва‘. Зашто не дојдов да ги повикам праведниците, ту­ку грешниците на покајание.“

14Тогаш кај Него дојдоа учениците Јованови и рекоа: „Зошто ние и фарисе­ите постиме многу, а Твоите ученици не постат!?“

15А Исус им рече: „Зар можат сватовите да бидат нажалени додека е со нив младоженецот? Но ќе дојде време кога младоженецот ќе се оттргне од нив, па тогаш и тие ќе постат.

16Никој не крпи стара облека со нова крпа, зашто таа ќе се отшие од старото и отворот ќе биде поголем;

17ниту, пак, се става ново вино во ста­ри мевови; инаку, мевовите ќе на­пу­к­нат, и виното ќе истече и мевовите ќе пропаднат; туку ново вино се става во нови мевови, па така ќе се запази и ед­ното и другото.“

18Додека Тој им говореше за тоа, ете еден началник се приближи до Него, Му се поклонуваше и велеше: „Ќерка ми штотуку умре; туку дојди, положи ја раката Своја над неа и таа ќе оживее.“

19И како стана Исус, тргна по него, заедно со учениците Свои;

20и ете, една жена, која беше стра­да­ла дванаесет години од крвавење, се приближи одзади и се допре до крајот на облеката Негова.

21Зашто си велеше: „Само ако се до­п­рам до облеката Негова, ќе оздравам.“

22А Исус штом се заврти и ја виде, рече: „Не плаши се, ќерко, верата твоја те спаси!“ И оздраве жената во тој час.

23И кога дојде Исус во куќата на на­чалникот и ги виде свирачите и народот ожалостени,

24им рече: „Излезете надвор, зашто девојката не е умрена, туку спие.“ А тие Му се потсмеваа.

25Но штом го истера народот, Тој влезе, ја фати девојката за рака и таа ста­на.

26И се расчу тоа по целиот тој крај.

27А кога Исус си одеше оттаму, трг­наа по него двајца слепи и викаа: „Сми­лувај ни се, Исусе, сине Давидов!“

28А штом дојде в куќи, слепите се приближија до Него. И Исус им рече: „Верувате ли дека можам да го напра­вам тоа?“ Тие Му рекоа: „Да, Господи!“

29Тогаш се допре до очите нивни и рече: „Нека ви биде според верата ва­ша!“

30И очите им се отворија; а Исус им заповеда строго: „Гледајте, никој да не дознае!“

31А тие, штом излегоа, разгласија за Него по целата таа земја.

32 Додека тие излегуваа, ете, кај Него еден човек нем и бесомачен.

33По изгонувањето на демонот, не­миот проговори. А народот се чудеше и говореше: „Никогаш такво нешто не станало во Израел.“

34А фарисеите велеа: „Тој ги изгонува демоните со силата на начал­ни­кот на демоните.“

35И одеше Исус по сите градови и се­ла и поучуваше по нивните синагоги, го проповедаше Евангелието за Царството и лекуваше секаква болест и немоќ во народот.

36А штом виде многу народ, се со­жа­ли, зашто беа изморени и беспомошни како овци без пастир.

37Тогаш им рече на Своите ученици: „Жетвата е голема, а работници има малку.

38Затоа молете Го Господарот на жетвата да испрати работници на Својата жетва.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
v>