Михеј 6:1-16 MKDB2006 - Bible AI

1Слушајте што вели Господ: „Стани и суди се пред горите, ридовите да го чујат гласот твој!“

2Чујте го, гори, судот Господов, и вие, цврсти основи на земјата, зашто Господ му суди на Својот народ, се тужи со Израел.

3„Народе Мој, што ти направив и со што ти дотегнав? Одговори Ми.

4Јас те изведов од египетската земја, те ослободив од куќата на ропството и ги водев пред тебе Мојсеј, Арон и Мирјам.

5Народе Мој, сети се што кроеше Валак, царот моавски, и што му одго­вори Валаам, синот Беоров и што стана од Ситим до Гилгал — за да ги познаеш праведните дела на Господ.“

6„Со што да застанам пред Господ, да се поклонам пред небесниот Бог? Да застанам ли пред Него со сепаленици, со едногодишни телци?

7Но може ли да Му се угоди на Гос­под со илјадници овни или неизмерни потоци масло? Дали да Му го дадам мојот првороден син за престапите свои и плодот на утробата своја — за гревовите на душата своја?“

8О, човеку, речено ти е што е добро, и што бара од тебе Господ; да работиш праведно, да сакаш милосрдни дела и понизно да врвиш пред твојот Бог.

9Гласот Господов вика кон градот, мудроста повикува на страхопочит кон Твоето име: слушајте племенски и градски Собранија!

10Па зар не се наоѓаат во домот на безбожникот богатство неправедно и мерка смалена, одвратна?

11Можам ли да ги оправдам мерките на беззакониците и неточните тегови во торбата?

12Вашите богаташи се полни со не­правда, и жителите ваши говорат лага, а и јазикот нивни измама е во устата нивна.

13Затоа почнав да те ударам со запустување поради гревовите твои.

14Ќе јадеш — и нема да се наситуваш, гладен ќе остануваш; ќе оставаш на­страна, но нема да го зачуваш, а она што ќе зачуваш, тоа Јас ќе го предадам на меч.

15Ќе сееш, но нема да жнееш; ќе гмечиш маслинки, но нема да имаш масло, ќе цедиш гроздов сок, но нема да пиеш вино.

16Кај вас се запазиле обичаите на Омриј и сите дела на домот Ахавов, и вие постапувате според нивните совети. Затоа ќе те предадам на запустување и жителите твои на потсмев, а вие ќе претрпите срам од Мојот народ.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
v>