Наум 1:1-14 MKDB2006 - Bible AI

1Пророштво за Ниневија; книга за видението на Наум од Елкош.

2ⓐГоспод е Бог љубоморен и одмаздник, Господ е страшен во Својот гнев: Господ им се одмаздува на непријате­лите Свои; не ги поштедува ни против­ниците Свои.

3ⓑГоспод е бавен на гнев, а силен во моќта, така што не го остава винов­никот без казна; патот Господов е во виор и бура, а облаците се прав под но­зете Негови.

4ⓒЌе му се закани на морето, и тоа пресушува, и сите реки пресушуваат: овенува Башан и Кармил, и свенува цветот на Ливан.

5ⓓГорите се тресат пред Него, и ридовите се топат, земјата потреперува пред лицето Негово, и вселената и сѐ што живее во неа.

6ⓔКој може да устои против гневот Негов? И кој може да го издржи пламенот од Неговата јарост? Гневот Не­гов се излива како оган; карпи се рас­паѓаат пред Него.

7ⓕДобар е Господ; Тој е прибежиште во ден на неволја. Тој ги заштитува оние, кои прибегнуваат кај Него,

8ⓖдури и при силни води. Тој ќе ги докрајчи Своите непријатели, ќе ги прогони Своите душмани до најцрната темнина.

9ⓗШто сте намислиле против Господ? Тој ќе стави крај на сѐ, ниеден противник нема повторно да се крене.

10Зашто, како плот од трње и како од вино пијани, тие ќе бидат наполно проголтани, како сува слама.

11ⓘОд тебе произлезе оној, што смислува зло против Господ, и подготвува нечесен заговор.

12ⓙВака вели Господ: „Макар што се силни и многубројни, тие ќе бидат исклани и ќе исчезнат; а тебе, иако те казнував, нема веќе да те казнувам.

13ⓚИ сега ќе го скршам јаремот што те стега и ќе ги раскинам оковите твои.“

14ⓛА за тебе, Ниневијо, Господ нареди: нема да продолжи родот твој; од домот на твојот бог ќе ги истребам идолите резани и лиени; во него ќе ти направам гроб зашто си безвредна.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
>