1
2
3
4Штитовите на неговите јунаци се црвенеат: војниците негови носат пурпурни облеки; колите бојни ќе фрлаат оган во денот кога ќе ги построи; напаѓачите ќе се исправат.
5Колите ќе траскаат по улиците и ќе се судираат една со друга, ќе изгледаат како запалени факли, и ќе светкаат како молњи.
6Тој ги повикува јунаците свои, се фрлаат во рововите, брзаат кон ѕидините на градот, опсадата е веќе подготвена.
7Градските порти кај реките се отвораат, палатата трепери.
8Решено е: Господарката ќе биде во плен одведена, а слугинките нејзини ќе тагуваат како гулаби, удирајќи се в гради.
9Ниневија, откако беше основана, беше како преполнето езеро, а тие бегаат пред нејзините води. „Стојте, стојте!“ Но никој не се свртува да погледа.
10Грабајте сребро, грабајте злато; нема крај на натрупаните скапоцени работи.
11
12
13Каде е лавот што грабаше за да им носи на лавчињата и им даваше на лавиците, полнејќи ги со плен пештерите свои и леглата свои со грабеж?
14