Неемија 4:1-17 MKDB2006 - Bible AI

1Кога слушнаа Санавалат и Товија, и Арабјаните, и Амонците, и Аш­додците, дека ерусалимските ѕи­дови се возобновуваат и дека расипаното почна да се поправа, многу се разгневија.

2И се договорија да одат заедно да војуваат против Ерусалим и да го разрушат.

3А ние Му се молевме на нашиот Бог и поставивме спроти нив стража дење и ноќе за да се спасиме од нив.

4Но Јудејците рекоа: „Ослабна силата на носачите, а земја од урнатините има многу; не можеме да го градиме ѕидот.“

5А непријателите наши, пак, велеа: „Нема да успеат и нема да видат, кога наеднаш ќе влеземе меѓу нив, ќе ги убиеме, и ќе ја запреме работата.“

6Доаѓаа Јудејците што живееја до нив, и ни говореа на десетина пати од сите места дека ќе нѐ нападнат,

7тогаш по ниските места на градот, зад ѕидот, по сувите места, го пос­троија народот по родови со мечевите нивни, со копјата нивни и со лаковите нивни.

8Па погледнав и станав, та им реков на првенците и војводите и на другиот народ: „Не плашете се од нив; спомнете си за Господ Кој е величествен и влева страхопочит и бијте се за браќата свои, за синовите свои, за ќерките свои, за жените свои и за к­уќите свои.“

9Кога слушнаа нашите непријатели дека ни е познато што кројат, тогаш Бог го растури нивниот заговор, и ние сите се вративме кај ѕидот, секој на својата работа.

10Од тој ден половина од моите слуги работеа на изградбата, а другата поло­вина стоеше со копја, штито­ви, лакови и оклопи; а нивните водачи беа зад це­лиот дом Јудин.

11Оние што го градеа ѕидот и носеа товари, така го правеа тоа, што со едната рака ја извршуваа работата, а во другата рака држеа копје.

12Сите градители беа препашани со меч околу половината, и така градеа, а до мене беше трубачот.

13И им реков на водачите и начал­ниците и на другиот народ: „Работата е голема и нашироко распространета, а ние сме распрснати по ѕидот и од­далечени едни од други;

14затоа, од каде ќе чуете звук на труба, накај тоа место собирајте се кон нас: нашиот Бог ќе се бори за нас.“

15Така ја теравме работата; и поло­вината ги држеа копјата откако зората ќе се појави, сѐ додека ѕвездите да из­лезат.

16Освен тоа, истовремено му бев порачал на народот сите да ноќеваат во Ерусалим, заедно со слугите свои за да бидат тие кај нас ноќе на стража, а дење на работа.

17И ниту јас, ниту браќата мои, ниту стражарите што ме придружу­ваа, не ги соблекувавме облеките свои, и секој од нас имаше при рака меч и вода.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>