Осија 1:1-9 MKDB2006 - Bible AI

1Слово Господово што беше упатено до Осија, син Беериев, во деновите на јудејските цареви Озија, Јотам, Ахаз, Езекија и во деновите на израелскиот цар Јеровоам, синот Јоасов.

2Почеток на словото Господово до Осија. Му рече Господ на Осија: „Оди и земи жена блудница, па роди деца од блудство; зашто оваа земја многу блудствува, откако отстапи од Господ.“

3И тој отиде и ја зеде Гомер, ќерката на Дивлаим, која зачна и му роди син.

4Тогаш Господ му рече: „Стави му име Јизреел, зашто уште малку и Јас ќе му се одмаздам на Јехуевиот дом за крвта пролеана во Јизреел и ќе го укинам царството на Израел,

5и во тој ден ќе го скршам лакот на Израел во долината Јизреел.“

6Таа пак зачна и роди ќерка, и Тој му рече: „Именувај ја Ло-Рухама, зашто Јас веќе нема да го помилувам домот Израелов, и да им проштевам.

7А домот Јудин ќе го помилувам и ќе ги спасам Јас, нивниот Господ Бог, не со лак, ниту со меч, ни со војска, ниту со коњи и коњаници.“

8Потоа, откако ја одби од доење, од­ново зачна и роди син.

9И Тој му рече: „Наречи го со името Ло-Ами, зашто вие не сте Мој народ, и Јас нема да бидам ваш Бог.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
>