Осија 12:1-15 MKDB2006 - Bible AI

1Ефрем Ме опкружил со лаги, а домот Израелов — со измами; но Јуда сѐ уште се држи за Бога, и верен Му е на Светецот.

2Ефрем пасе ветар и трча кон ис­точниот ветар, по цел ден си ги намно­жува лагите и насилствата, склучува сојуз со Ашур, а во Египет праќа масло.

3Но и со Јуда Господ ќе има суд — Тој ќе го казни и Јаков за постапките него­ви, и Ќе му плати според делата негови.

4Уште во утробата мајчина тој го по­тиснуваше брата си, а кога порасна, тој се бореше и со Бога.

5Тој се бореше против ангел — и го победи; заплака и Го замоли; во Ветил Тој нѐ најде и таму зборуваше со нас.

6А Господ е Бог над силите; Јахве е името Негово.

7Врати се и ти кон својот Бог; биди милостив и справедлив, и секогаш надевај се на твојот Бог.

8Хананецот има неверни мерила во раката своја и сака да онеправдува.

9И Ефрем вели: „Сепак се збогатив, насобрав многу имот, макар што во сите мои работи не можат да најдат ништо незаконско, што би било грев.“

10Јас сум твојот Господ Бог уште од земјата египетска: пак ќе те населам да седиш во колиби како во деновите на празникот.

11Јас им зборував на пророците и ги умножував виденијата, а и преку пророците ќе донесам уништување.

12Во Галаад има беззаконија, тие ќе бидат уништени. Во Гилгал колат за жртви телци, а жртвениците им стојат како купишта камења на меѓите од нивните ниви.

13Избега Јаков во Арам и Израел служеше за жена, а за жена и овци па­сеше.

14Преку пророк го изведе Господ Израел од Египет и преку пророк Тој го пазеше.

15Ефрем многу Го разгневи Господа, па затоа Господ ќе ја остави крвта негова на него, и ќе му плати за неговите навреди.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>