1ⓛКога Ефрем зборуваше, сите трепереа. Тој беше првак во Израел; но се огреши со Ваал и загина.
2ⓜИ сега продолжува да греши: направија идоли излеани од сребро, онака како што сами ги замислуваат — уметничка работа — па им велат на луѓето ним да им принесуваат жртви и да ги целиваат телињата.
3ⓝПоради тоа тие ќе бидат како утрена магла, како роса што брзо исчезнува, како плева што ветар ја однесува од гумното, како дим од оџак.
4ⓞНо Јас сум Господ, твојот Бог уште од земјата египетска — и ти не треба да имаш друг Бог освен Мене; нема Спасител освен Мене.
5ⓟЈас те хранев во пустината, во засушената земја.
6ⓠЈас ги хранев и тие беа сити; а кога се заситуваа, срцето им се возгордуваше, и поради тоа Мене Ме забораваа.
7ⓡИ Јас ќе бидам како лав за нив, како леопард што им демне покрај патот.
8ⓢЌе напаѓам врз нив како мечка, чии мечиња се грабнати: ќе им ги истргнувам срцата нивни и ќе ги изедам таму како лавица, полските ѕверови ќе ги раскинуваат.
9Ќе те уништам, Израеле, кој ќе ти помогне?
10ⓣКаде ти е сега царот за да те спаси? Каде се твоите кнезови да те бранат, оние за кои велеше: „Дај ни цар и началници!“
11ⓤЈас ти дадов цар во гневот Свој и ти го одзедов во јароста Своја.
12ⓥВрзано е беззаконието на Ефрем, се чува гревот негов.
13ⓦРодилните маки го обзедоа, но тој е неразбран син, не излегува навреме од утробата.
14ⓧОд власта на пеколот ќе ги откупам, од смртта ќе ги избавам. Смрт — каде ти е силата? Каде ти е тебе, пеколу, победата? Сочувството е скриено од Моите очи.
15ⓨИако е Ефрем плоден меѓу браќата, ќе дојде источен ветар, ќе се крене ветрот Господов од пустината, и ќе го пресуши изворот негов, и ќе го однесе богатството од сите сокровишта.