Осија 14:1-10 MKDB2006 - Bible AI

1Самарија ќе страда, зашто се крена против својот Бог; од меч ќе паднат тие, нивните деца на камен ќе бидат разбивани, а бремените жени ќе бидат распарувани.

2Врати се, Израеле, кај Господ твојот Бог; зашто ти пропаѓаш поради своето беззаконие.

3Подгответе се молитвено, и обрате­те се кон Господ и речете Му: „Прости ни ги сите беззаконија наши и прими го тоа што е добро, а ние ќе принесеме жртва од устата наша.“

4Ашур повеќе нема да нѐ спасува; и нема повеќе да јаваме на коњи и на своите уметнички творби да им велиме: „О, богови наши; зашто само Ти си милосрден кон сираци.“

5Ќе ги излекувам од одметнувањето нивно, благонаклоно ќе ги засакам, зашто гневот Мој се одврати од нив.

6Јас ќе бидам роса за Израел; тој ќе цвета како крин и ќе пушти корења како дрвјата на Ливан.

7Ќе се рашират гранките негови, и убавината негова ќе биде како убавина на маслина, и мирисот од него како мирис од Ливан.

8Ќе се вратат под Мојата сенка, и ќе имаат жито во изобилие — па ќе цветаат како лоза, ќе станат славни како виното леванонско.

9Зошто ти се идолите, Ефреме? Јас те слушам и се грижам за тебе; Јас сум како зелен кипарис: од Мене ти доаѓаат плодовите.

10Кој е мудар, нека го разбере ова; кој е разумен нека го познае тоа. Зашто патиштата Господови се прави, и пра­ведниците одат по нив, а беззакониците се сопнуваат од нив.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
iv>