Осија 2:1-25 MKDB2006 - Bible AI

1„Но бројот на синовите Израелови ќе биде како песокот морски, кој не ќе може ни да се измери ниту да се изброи; и место да им речат — вие не сте Мој народ — ќе им се рече — вие сте сино­ви на живиот Бог.

2И ќе се соберат синовите Јудини и синовите Израелови заедно и ќе си пос­тават еден старешина и ќе излезат од земјата, зашто голем е денот на Јиз­реел.

3Речете им на браќата свои: ‚Ами‘ и на сестрите свои ‚Рухама‘.

4Судете се со својата мајка, распра­вајте се; зашто таа не е Моја жена, и Јас не сум ѝ маж нејзин; нека го отфрли блудството од лицето свое и прељубо­дејството од градите свои, за да не ја сотрам,

5за да не ја соблечам гола и да не ја покажам како во денот на нејзиното раѓање, и да не ја направам пустелија, за да не ја претворам во сува земја и да не ја усмртам со жед.

6И децата нејзини нема да ги помилувам, зашто тие се деца од блудство.

7Бидејќи мајката нивна блудствуваше, се осрамоти онаа, која ги зачна, зашто си велеше — ќе тргнам по љубов­ниците свои, кои ми даваат леб и вода, волна и лен, масло и пијалак.

8Ете, затоа Јас ќе ѝ го препречам патот нејзин со трње и ќе ја заградам со ограда, и таа не ќе може да ги најде па­теките свои;

9ќе се впушти по љубовниците, но нема да ги стигне; ќе ги бара, и нема да ги најде; и ќе си рече: ќе се вратам и ќе појдам кај првиот маж; зашто тогаш ми беше подобро, отколку сега.

10А таа не знаеше дека Јас ѝ давав жито, вино и масло и ѝ го намножував среброто нејзино и златото, од кое му направија идол на Ваал.

11Затоа ќе си го земам житото Свое, и виното Свое, кога за тоа ќе му дојде времето и ќе ја одземам волната Своја и ленот Свој, со што се покрива голотијата нејзина.

12И сега ќе ја откријам срамотијата нејзина пред очите на нејзините миле­ници, и никој не ќе ја избави од раката Моја.

13И ќе укинам кај неа секаква веселба, празниците и новомесечијата нејзини, и саботите и сите нејзини прослави.

14И ќе ги запустам лозјата нејзини и смоквите, за кои таа беше рекла: ‚тоа ми се подароци, со кои ме даруваа љу­бовниците мои;‘ и Јас ќе ги опустошам, и полските животни ќе ги изедат.

15И ќе ја казнам за деновите поминати во служење на Вааловците, кога им кадела и ги китела со обетки и грив­ни, одела по љубовниците свои, а Мене Ме заборавила, вели Господ.

16Поради тоа Јас ќе ја привлечам и ќе ја одведам во пустина, па ќе му зборувам на нејзиното срце.

17И ќе ѝ ја вратам лозата нејзина и долината Ахор како трем на надеж; и таму таа ќе пее како во деновите на својата младост и како во денот кога излезе од египетската земја.

18И во тој ден, вели Господ, ти ќе Ми велиш — мажу Мој, и нема повеќе да Ми велиш — Ваалу Мој.

19И ќе ги отстранам од устата нејзина имињата на Вааловците, и нема по­веќе да се спомнува името нивно.

20И во тоа време поради нив ќе склу­чам сојуз со животните полски, со пти­ците небески и со лазачите по земјата; а лак, и меч, и војна ќе истребам од таа земја, и ќе им дозволам да живеат во мир и сигурност.

21И ќе те свршам за Себе вечно, и ќе те свршам за Себе во правда и спра­ведливост, во благослов и милосрдност.

22И ќе те свршам за Себе во верност и ти ќе Го познаеш Господа.

23И во тој ден Јас ќе се одзовам, вели Господ, Јас, ќе му се одзовам на Небото, а тоа ќе ѝ се одзове на Земјата,

24и Земјата ќе му се одзове на житото и виното и маслото; а тие ќе му се одзоват на Јизреел.

25И ќе ја посеам за Себе на земјата, и ќе ја засакам Ло-Рухама и ќе му речам на Ло-Ами: ‚Ти си Мој народ‘, а тој ќе рече: ‚Ти си мој Бог!‘“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
v>